Долга е раката на Путин – на бугарски новинар му е забранет влез на Бафта-наградите, бил безбедносен ризик поради филм против Кремљ

February 18, 2023
1 min read

Христо Грозев, еден од главните ликови, во документарниот филм за труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални нема да може да присуствува на утрешното доделување на најпрестижните британски филмски награди.

Иако филмот во кој и тој се појавува е номиниран за Бафта-награда, Христо Грозев нема да може да присуствува на церемонијата зашто организаторите процениле дека претставува безбедносен ризик. Се претпоставува дека тоа е поради фактот што Грозев ја водеше истрагата на „Белингкат“ – група на истражувачки новинари, која покажа дека Кремљ стоел зад труењето на опозицискиот лидер, Алексеј Навални, со нервниот гас „новичок“.   

Христо Грозев

Но, на доделувањето на Бафта, на кое му е забранет влез на Грозев, ќе присуствуваат продуцентите на истиот филм.  

„Моменти како овој ја покажуваат растечката опасност за независните новинари низ целиот свет“,

напиша Грозев на Твитер.

Тој и неговото семејство имале билети, но поканата за присуство била повлечена поради сугестии на британската полиција. Грозев самиот потврди дека во изминатите недели добил бројни предупредувања од разни европски безбедносни агенции кои имаат кредибилни докази дека неговиот живот е загрозен.

Навални, по инцидентот со труењето, пак се врати во Русија каде властите веднаш го осудија на неколкугодишна затворска казна зашто „организирал есктремистичка група“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По шест децении во Гази Баба асфалтирана улицата што води кон поликлиниката во Ченто

Следно

Бурата Ото ја погоди Скандинавија

Latest from Blog

Бројот на загинати во земјотресот во Јапонија се искачи на 28

„Активностите за пребарување и спасување по земјотресот со јачина од 7,1 степен, што се случи во вторникот вечерта, навистина претставуваат трка со времето“, изјави главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, на прес-конференција

Уапсен гевгеличанец, возел со брзина од 204 километри на час

Гевгеличанец возел „бмв“ со скоро двојно поголема брзина од дозволеното, запрен е и лишен од слобода, следува соодветна пријава. Според информациите на МВР, вчера вечер на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско,

Влатко и Златко Миладиноски носат македонски музички спектакл во Битола

Античкиот театар Хераклеја во Битола беше претесен да ги собере сите љубители на македонската народна музика, кои во голем број присуствуваа на концертот на Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот. Повеќе
Go toTop