Дојави за бомби во училиштата во неколку градови во Србија, за дел е утврдено дека се лажни

May 23, 2023
1 min read

По извршените проверки било утврдено дека се работи за лажни дојави во училиштата во Нови Сад, Ниш, Чачак и Горњи Милановац

Во повеќе основни и средни училишта, во неколку градови во Србија, утринава се стигнати дојави за поставени експлозивни направи.

По извршените проверки било утврдено дека се работи за лажни дојави во училиштата во Нови Сад, Ниш, Чачак и Горњи Милановац, додека проверките во Крагуевац се уште траат.

„Десетина училишта во Нови Сад утринава добиле дојави за поставени бомби во нивните згради. Екипите на МВР веднаш излегоа на терен, училиштата се евакуирани, а извршена беше антитерористичка проверка на објектите. Извршен е увид во 16 згради, бидејќи некои училишта имаат повеќе од една зграда, утврдено е дека пријавите се лажни“,

информираат од новосадската полиција.

Во две основни училишта во Горњи Милановац, како и во училиштата во Прањани и Таково, имало дојави за бомби во училиштето.

И таму биле извршени проверки при што е утврдено дека пријавите се лажни.

Во Полициската управа во Чачак било пријавено дека на електронската адреса на Машинскиот и медицинскиот факултет е пристигната дојава за бомба.

Веднаш по пријавата полицијата излегла на терен и извршила увид и утврдено е дека се работи за лажни дојави.

И две средни училишта во Ниш утринава по електронска пошта добиле дојави за поставени бомби. Дојавите биле за училиштето „Никола Тесла“ и Факултетот за храна и хемија.

Антитерористичките екипи на полицијата во Ниш ги провериле двете училишта и било констатирано дека пријавите се лажни.

На 10 локации во Крагуевац утринава стигнале дојави дека се поставени бомби и тоа во осум основни училишта, гимназија во Крагуевац и Економскиот факултет. Објектите веднаш се евакуирани и во тек се проверките.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН: Приближно 3,1 милион лица во периодот 2015-2021 година биле жртви на убиство

Следно

Учениците од „Илија Николовски-Луј“ Гоце Златев и Магдалена Дрмач дел од програмата на чествувањето на Кирил и Методиј во Рим

Latest from Blog

Стојаноски: Со Кривичниот законик се проширува основата за инкриминација и се заострува затворската казна

Во Централниот дневник на Алсат телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека Кривичниот законик ја проширува основата за инкриминација и ја зголемува казнената политика, дури и за

Ѓорѓиевски: Изречени казни кон правни лица – загадувачи во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека Инспекторатот за животна средина изрекол казни кон правни лица – загадувачи во Скопје, отако во изминатите два дена биле спроведени силни и координирани инспекциски надзори

Божиновска: 2026 година клучна за праведната и зелената енергетска транзиција

Енергетската транзиција мора да се спроведува со јасна визија, прецизно планирање и силна институционална координација, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по денешната седница на Советот за праведна
Go toTop