Дојави за бомби повторно уште рано изутрина пристигнале на адресите на 18 училишта

March 2, 2023
1 min read

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР

И денеска, како и вчера, рано изутрина имало дојави за бомби на електронските адреси на 18 училишта во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Денеска (02.03.2023) до 08:20 часот во МВР e пријавено дека на електронските адреси на 18 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“,

соопштија од МВР.

Вчера дојави за бомби нешто по 08:00 часот изутрина имаше во повеќе училишта во Скопје. Првично МВР соопшти дека закани за поставени експлозивни направи имало во 31 училиште, но потоа бројката се искачи на 120 дојави.

По направените проверки од страна на антитерористичките тимови, било утврдено дека сите пријави биле лажни.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Артета: Арсенал можеше да постигне повеќе против Евертон

Следно

Грчките железничари стапија во штрајк по трагичната железничка несреќа

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop