ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА ВО ПАРИЗ: Макрон и Стармер бараат трајно решение за Хормуз

April 14, 2026
1 min read

Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер во петок ќе копретседаваат со видео конференција во Париз, на која ќе се дефинира планот за „враќање на слободата на пловидба во Хормушкиот Теснец штом безбедносните услови го дозволат тоа“.

Како што соопштија од Елисејската палата, целта е да се воспостави координирана и независна мултинационална мисија која ќе ги заштитува меѓународните бродови веднаш по завршувањето на конфликтот, пренесува „France24“.

Британскиот премиер Стармер откри дека Лондон веќе успеал да обедини повеќе од 40 нации околу оваа иницијатива. Подготовките се веќе во напредна фаза, а францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, потврди дека генералштабовите на неколку десетици земји веќе работат на дефинирање на рамката за идната мисија. Тој нагласи дека во овој процес е клучна и координацијата со крајбрежните држави во регионот.

Иако мисијата е замислена како строго „одбранбена“, претседателот Макрон повлече јасна граница во однос на ризиците. Тој категорично ја исклучи можноста за придружба на бродови додека сè уште траат бомбардирањата, нагласувајќи дека операцијата ќе започне дури по стабилизирање на теренот. Овој дипломатски напор се смета за клучен за повторно отворање на стратешки најважниот воден пат за светската енергетика.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се намалуваат цените на бензините и на дизел горивото од вечерва на полноќ

Следно

Pas më shumë se 50 vitesh, nis rikonstruimi i thellë i një prej rrugëve më të rëndësishme në Çarshi

Latest from Blog

Меџити: Започнуваме најголемата инфраструктурна обнова на Старата скопска чаршија

По повеќе од половина век, денеска започна проект кој, како што беше истакнато, ѝ дава нов правец на развој на Старата скопска чаршија. Станува збор за длабока инфраструктурна интервенција на површина од

Се намалуваат цените на бензините и на дизел горивото од вечерва на полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во
Go toTop