Screenshot

Димитриеска-Кочоска: Владата останува фокусирана на инфлацијата и економската сигурност

May 16, 2026
1 min read

Владата ги продолжува мерките за ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Одлуката била донесена денеска на вонредна владина седница, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според неа, мерките претставуваат одговор на економските предизвици и нестабилностите на меѓународните пазари на енергенси, со кои во моментов се соочуваат голем број држави.

„Како Влада и Министерство за финансии обезбедуваме стабилност и предвидливост, намалување на инфлаторните притисоци, поддршка на економијата и зачувување на стандардот на граѓаните“, порача Димитриеска-Кочоска во објава на социјалните мрежи.

Од Владата посочуваат дека продолжувањето на мерките има цел да ги амортизира економските удари врз домаќинствата и компаниите, особено во услови на нестабилни цени на енергенсите и глобални економски неизвесности.

Засега не се соопштени дополнителни детали кои конкретни мерки остануваат во сила, но институциите најавуваат дека приоритет останува заштитата на животниот стандард и контролата на инфлаторните движења.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Селтик со нова титула во шампионатот на Шкотска

Latest from Blog

Виноскоп повторно го освои Скопје: Петочната вечер донесе музика, емоции и магична атмосфера

Јубилејното 15-то издание на Виноскоп донесе една од највпечатливите фестивалски слики досега – Градски парк исполнет со публика, наздравувања, насмевки и музика што ја претвори вечерта во вистинско заедничко доживување. Настапите на

Публиката го „запали“ Градски парк: Виноскоп со уште една магична вечер

Јубилејното 15-то издание на Виноскоп донесе една од највпечатливите фестивалски слики досега – Градски парк исполнет со публика, наздравувања, насмевки и музика што ја претвори вечерта во вистинско заедничко доживување. Настапите на

Програмата на Виноскоп денеска од 17 часот, поради најавените врнежи дел од изведувачите ќе настапуваат утре

Поради најавените врнежи и од безбедносни причини, дел од дневната програма на Виноскоп се преместува за утре. Денешната програма продолжува попладне во Градски парк. Од 17:00 часот настапува DJ Bela, во 19:30
Go toTop