Димитриеска-Кочоска: Нема лиценца без проверка на репутацијата, интегритетот и потеклото на парите

August 22, 2026
1 min read

 

Министерството за финансии продолжува со имплементацијата на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој беше донесен на крајот на јуни, со цел воспоставување современа регулатива, посилна контрола и поголема заштита на граѓаните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека по усвојувањето на Законот продолжува процесот на негово спроведување преку донесување на потребните подзаконски акти.

Како еден од првите чекори е донесен Правилникот за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа, со кој детално се пропишува документацијата потребна за потврдување на репутацијата на правните и физичките лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип.

„Ова е важен чекор. Правилникот ги претвора законските принципи во конкретни правила, процедури и критериуми што ќе можат да се применуваат во пракса“, посочува Димитриеска-Кочоска.

Со Правилникот се предвидува проверка на околности поврзани со подносителите на барањата, меѓу кои и изречени санкции за забрана за вршење професија, казни за забрана за приредување игри на среќа, како и други околности релевантни за нивното учество во оваа индустрија.

Дополнително, се воспоставува строга контрола врз потеклото на средствата во основната главнина, како и следење на движењето на паричните средства.

Од Министерството за финансии посочуваат дека новиот Закон беше неопходен поради значителните промени во областа на игрите на среќа во изминатите години и потребата од современа регулатива која ќе одговори на новите предизвици.

„За нас, донесувањето на Законот и на подзаконските акти не е крајот на процесот. Вистинскиот резултат доаѓа со неговата доследна имплементација“, вели министерката.

Министерството за финансии продолжува и со подготовка и донесување на останатите правилници потребни за целосна имплементација на Законот.

Целта, како што нагласува Димитриеска-Кочоска, е преку прецизна регулатива да се воспостават јасни и фер правила за работа во индустријата на игрите на среќа, со поефикасен надзор и поголема заштита на граѓаните.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од февруари, над 310 илјади прекршоци регистрирани со „Безбеден град“

Следно

Проданоски: По повеќе од 40 години, монументалната скулптура повторно се враќа во Прилеп

Latest from Blog

ВИДЕО | ХОРОР ВО РОДНИОТ ГРАД НА ЗЕЛЕНСКИ: Руски дронови погодија трговски центар, 16 лица загинаа

Спасувачите во Кривји Рих и натаму се борат со последиците од еден од најтешките напади врз градот во последниот период. Во разорниот руски напад со беспилотни летала врз трговски центар загинаа 16

Проданоски: По повеќе од 40 години, монументалната скулптура повторно се враќа во Прилеп

Прилеп добива нова уметничка и урбана димензија преку поддршката на 18-тата Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен, со посебен фокус на создавање монументални скулптури. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека

Од февруари, над 310 илјади прекршоци регистрирани со „Безбеден град“

Од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“, од 2 февруари до 20 август 2026 година, регистрирани се вкупно 310.865 сообраќајни прекршоци, од кои 301.835 се однесуваат на надминување на дозволената брзина.

Македонската берза со неделен промет од 85,26 милиони денари, најтргуван Алкалоид

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 85.262.209 денари, од кои

Арсенал ја отвори сезоната во шампионски стил, Ковентри немаше шанси на „Емирати“!

Фото: ФЦ Арсенал/Фејсбук Арсенал го победи Ковентри со 3:0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Прашањето за победникот го решија Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Одегард, додека гостите
Go toTop