Според информациите од Франција, селекторот Дидие Дешамп се спрема за потег со кој ќе ги шокира сите. Имено тој размислува да го врати ветеранот Уго Љорис во тимот. Интересно е што голманот нема да биде стартер, туку се разгледува како опција за трет избор за таа позиција. Извори блиски до Љорис нагласуваат дека тој не бара активно враќање, но би прифатил покана доколку биде упатена.
„Тој нема да се наметнува и нема да се обидува да истисне никого, но нема да одбие доколку биде повикан“, е ставот на оние околу него. Моментално, Љорис игра силно со Лос Анџелес ФЦ во МЛС, каде што брани во голема форма.
Токму оваа форма е една од главните причини зошто повторно се дискутира за него за репрезентацијата. Французите ќе бидат меѓу главните претенденти за титулата, заедно со репрезентации како Бразил, Германија, Шпанија, Аргентина, Португалија, Англија.
Извор: vecer.mk


