Демократски сојуз: Техничка влада на непринципиелна коалиција

December 9, 2023
1 min read

реклама


Демократскиот сојуз предупредува на кршење на Охридскиот рамковен договор и на Амандман 6 од Уставот на Македонија, со тоа што ќе се формира техничка влада која дополнително ги суспендира и крши одредбите и начелата на соодветна и правична  застапеност на сите етнички заедници.

Со доминацијата на ДУИ, која има само 13 пратеници од вкупно 120 пратеници, се покажува и потврдува определбата на СДСМ по секоја цена да биде на власт, не водејќи сметка за националните и државни интереси, како и за интересите на мнозинскиот македонски народ.

реклама

Сакаме да предупредиме дека ваквата политика нема поддршка од мнозинството граѓани и не поминуваат манипулациите дека тоа е Европски фронт, итн.

Овој преседан кој го наметна Ковачевски има силни рефлексии на меѓуетничките односи, како и на натамошна дуизација и криминализација на државата, неодговорноста и неказнивоста на политичката мафија која владее со Македонија.

реклама

Инаку, Демократскиот сојуз е за граѓански концепт и функции да добиваат најспособните, без разлика на етничка, верска или партиска припадност. Тоа треба да важи за сите етнички заедници, без Бадентер и Балансер. Не може овие правила да се злоупотребуваат само во интерес на ДУИ.

Демократскиот сојуз не поддржува формирање на Техничка Влада,а уште помалку со премиер од редовите на ДУИ.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во пожар во болница близу Рим загинаа 3 лица

Следно

Се рушат начелата за правичност: ДС не поддржува техничка влада со премиер од ДУИ

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop