ДЕЛА ОД СИТЕ ФАЗИ НА ТВОРЕШТВОТО НА БЕДИ ИБРАХИМ НА ИЗЛОЖБА ВО ЧИФТЕ АМАМ НА 28 ОКТОМВРИ

October 23, 2024
1 min read

Уметникот и професор Беди Ибрахим на 28 октомври (20 часот) ја отвора ретроспективната изложба во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ). Изложбата содржи дела од сите творешки опуси и фази на Беди Ибрахим, од 1980-тите години до денес. Куратор на изложбата е Горанчо Ѓорѓиевски.

„Ибрахим целиот свој живот го има посветено на ликовното творештво, како на домашната, така и на меѓународната ликовна сцена, создавајќи релевантни ликовни дела кои ја претставуваат Македонија на глобално рамниште, а своите длабоки творечки искуства како професор на Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ) на најпрофесионален и најревносен начин им ги пренесува на младите кадри, кои ја претставуваат иднината на македонската ликовна уметност и култура“, вели Конча Пиркоска во каталогот за изложбата.

Според Пиркоска, срцевината на концептот за оваа изложба на Ибрахим е во намерата естетски да се обликува и да се артикулира просторот на амамот и да се создаде сопствен визуелно-вербален амбиентален простор во кој минатите дијалози ги преобликува во сопствен монолог за сеќавањето на едно минато време и на тој начин создава ново кажување за идните генерации. Изложбата е составена од повеќе елементи што секој за себе содржат сопствена семантика.

Ибрахим е роден во Скопје во 1959, на ФЛУ оддел за скулптура завршил во 1985. Во 1999 завршил постдипломски студии на истиот факултет. Член на групата „Зеро“. Во 1991, како стипендист на ФЛУ престојувал при Универзитетот „Мимар Синан“ во Истанбул, како и во ателјето на светски познатиот архитект Џенгис Бекташ. Во 1992, под менторство на Томур Атагок престојувал на Јилдиз Универзитетот во Истанбул каде вршел истражувања во Кападокија. Од 2001  работи како вонреден професор по вајање на ФЛУ. Во 2012 е избран за редовен професор на Катедрата по вајарство на ФЛУ во Скопје.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

57 денари заштеда, толку вредат мерките на Владата од замрзнувањето на маржата

Следно

СДСМ: Најшокантно е помилувањето на припадници на криминалниот нарко-клан „Барон“, како и роднини на познатиот Шенки

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop