Од витално значење е Европа да воспостави сојуз со Русија, бидејќи тоа е логиката на здравиот разум, рече внукот на францускиот претседател генерал Шарл де Гол (1959–1969), претседател на Фондацијата „Пјер де Гол“ за мир и пријателство меѓу народите.
„Верувам дека е од витално значење Европа да формира сојуз и да соработува со Русија, како што сакаше мојот дедо. Тоа е императив, логиката на географијата, логиката на здравиот разум и логиката на искуството.
Тоа не може да се направи без Русите. Европските санкции ги казнуваат самите Европејци. Народите на Европа се уморни од оваа нелегитимна технократија што сака војна“, нагласи тој.
Пјер де Гол, исто така, оцени дека Европа треба да се врати на своите фундаментални вредности.
„Мора да се вратиме на моралните вредности, почитта, држењето до зборот, меѓусебното разбирање и соработката – сè што отсекогаш претставувало вистински човечки вредности“, објасни тој.
„Франција и Русија се пријатели со векови. Ние се восхитуваме на руската култура, исто како што Русите се восхитуваат на француската култура. Верувам во оваа реалност, која е цврста и трајна. Европските технократи нема да успеат да ја уништат“, рече Пјер де Гол.
Извор: vecer.mk

