Дали заминувањето на шефот за јавни набавки во ЈПДП е поврзано со тендерот за надзор над „Бехтел и Енка“?

March 21, 2023
1 min read

Дали е точно дека од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) си заминал раководителот на секторот за јавни набавки по тендерот за избор на надзор над изградбата на четири автопатски делници од „Бехтел и Енка“ – беше едно од прашањата до директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми, во интервјуто за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Од интервјуто на Ејуп Рустеми за „360 степени“

Еве што одговори директорот Рустеми:

„Јас можам да кажам дека раководителот за јавни набавки заминал од јавното претпријатие, а тој бил главниот раководител на секторот за јавни набавки. Комисијата беше, членовите се јавни, кои биле и во одредената постапка, по целосното завршување на одреден постапка за избор на оваа постапка, тој самиот побарал да замине на некоја друга работа.“

Во разговорот, новинарот Александар Димитриевски го соочува Рустеми, чиј потпис стои на договорот со конзорциумот предводен од италијанската „ИРД инженеринг“, со проблематичните аспекти што досега беа пласирани во јавноста – вртоглаво високите суми буџетирани за експертите ангажирани во надзорот, повеќекратните разлики на овие суми споредени со сумите за истите работни позиции во надзорот на другите автопати што се градат во земјава, фактот што најголем дел од 22,3 милиони евра ќе поминат преку домашната и неискусна во областа на надзор „Електра солушнс“, промената на условите по првиот поништен тендер…

Интервјуто може да го прочитате и погледнете на линкот подолу.

Во емисијата во која беше емитуван разговорот со Рустеми, „360 степени“ објави и нови спорни аспекти на веќе проблематизираниот договор за надзор над „Бехтел и Енка“. Имено, во договорот објавен на порталот на Бирото за јавни набавки фалат клучни документи за 23-ца од вкупно 81 експерт што треба да работат на надзорот. За нив не е објавен доказ дека се вработени или ангажирани со договор за дело од некоја од четорите фирми членки на победничкиот конзорциум или од некој од подизведувачите. А тоа е услов за валидна понуда и валиден договор.

Исто така, Министерството за транспорт и врски одбива да ги каже имињата на инженерите со кои „Електра солушнс“ аплицирала и добила лиценца А за надзор во текот на јавната набавка, со образложение дека станува збор за заштита на лични податоци, иако во договорот се објавени матични боеви, адреси и други податоци за сите 81 лице што треба да бидат дел од надзорот. Подетално на линкот што следува.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија нема потрошено ни едно евро од ветените 100 милијарди за одбрана

Следно

Изречени казни од 12.500 евра за градилиштето зад Универзалната сала

Latest from Blog

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што

Македонската берза во нагорна линија: Банкарските акции со значаен раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.814,99 поени. Во однос

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон

(Видео) ЦЕЛ БАНКОК Е ЗОНА НА КАТАСТРОФА – Властите потполно немоќни

Бројот на загинати во катастрофалните поплави што го погодуваат Тајланд од средината на септември се искачи на 23 лица, соопшти тајландската влада, додека ситуацијата на терен останува драматична. Според најновите податоци, во
Go toTop