Дачиќ: Одлуката за невоведување санкции кон Русија останува на сила, но може да смени ако трпи економијата 

March 26, 2023
1 min read

Бидејќи одлуката (на Советот за национална безбедност), сè уште е на сила, тоа значи дека сè уште го немаме тој случај,вели Дачиќ за српски Курир. Сепак, тој посочува дека се следи како таа одлука за невоведување санкции кон Русија се одразува на српската економија

Србија ја остава отворена можноста одлуката за воведување санкции кон Русија да биде променета доколку српската економија и граѓаните почнат да трпат ненадоместливи штети, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ. 

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

„Бидејќи одлуката (на Советот за национална безбедност), сè уште е на сила, тоа значи дека сè уште го немаме тој случај“,

изјави Дачиќ за Курир, додавајќи дека во интерес на Србија е да не воведува санкции кон Русија, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Сепак, тој посочува дека се следи како таа одлука се одразува на српската економија.  

Белград до сега и покрај отворените повици на западните земји не воведе санкции кон Русија, иако гласаше за резолуцијата на Обединетите нации со која беше осудена инвазијата на Русија врз Украина.  

Според Дачиќ, освен притисокот врз Србија поради невоведувањето санкции, намалена е и надворешнотрговската размена меѓу Русија и Србија, додека, како што вели, во некои западни земји кои воведоа санкции кон Русија, таа се зголеми. 

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пак денеска изјави дека Србија веќе една година „успева да го издржи притисокот“ и да не воведе санкции кон Русија. 

 Тој за телевизијата Пинк изјави дека Србија сè уште не вовела санкции против Русија, иако некои опозициски политичари најавија дека тоа може да се случи ден по изборите во април 2022 година. 

„Како што гледате без колнења, без остри зборови, успеавме да ги издржиме тие притисоци една година“,

рече Вучиќ. 

 Засега единствениот српски функционер кој отворено изјави дека Србија треба да воведе санкции кон Русија е министерот за економија Раде Баста. Тој доаѓа од редовите на на Единствена Србија, коалициски партнер на Социјалистичката партија на Србија на Дачиќ. 

 На прашањето како гледа на отворената изјава на Баста за поддршка на воведувањето санкции, Дачиќ изјави дека неговата партија и сите членови на Владата стојат зад одлуката на Советот за национална безбедност и државна политика. 

 „Се додека нашата одлука и нашата политика во однос на санкциите се на сила, ние постојано ќе ја почитуваме“,

рече тој. 

Србија е во процес на преговори за членство во Европската унија, но не воведе санкции кон Русија по нејзината инвазија на Украина, која започна на 24 февруари 2022 година. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милевски и Елмас: Максимално ангажирано и на победа против Фарски Острови

Следно

Украина бара итен состанок на Советот за безбедност

Latest from Blog

Аларм на Балтикот: Руски авиони забележани во близина на Шведска

Според соопштението на војската, инцидентите се случиле во јужните и северните делови на Балтичкото Море, при што шведскиот воздушен простор не е нарушен, објави порталот „Nordic Defence Sector“. „Gripen“-ите биле испратени да

Николоски најави старт на стратешкиот автопат кон Косово: Ќе се градат тунели, мостови и галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски најави почеток на изградбата на новиот автопат Скопје – Блаце, проект кој се смета за една од најважните патни инвестиции за поврзување на

Николоски: Домашна компанија ќе го гради автопатот Скопје – Блаце

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, најави почеток на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, оценувајќи го проектот како една од најзначајните инфраструктурни инвестиции за подобрување на регионалната поврзаност.

Чаир доби 100 нови контејнери, продолжува унапредувањето на јавната хигиена

Општина Чаир продолжува со инвестициите за подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура. Од денеска, на територијата на општината започна поставувањето на 100 нови контејнери на локации каде што потребата е најголема,
Go toTop