Дачиќ: Србија ги отфрла инсинуациите за вмешаност на нејзините граѓани во дестабилизацијата на Молдавија

February 14, 2023
1 min read

Дачиќ го известил Попеску дека Србија и Молдавија се пријателски земји и дека секогаш меѓусебно се поддржувале во однос на територијален интегритет

Србија одлучно отфрла каква било инсинуација за потенцијална вмешаност на нејзини граѓани во можни насилни настани во Молдавија, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во телефонски разговор со молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску.

Како што се наведува во соопштението од српското Министерство за надворешни работи, во врска со вчерашната изјава на молдавската претседателка Маја Санду дека Москва планира да ја дестабилизира Молдавија со помош на саботери од Русија, Белорусија, Србија и Црна Гора, Дачиќ го известил Попеску дека Србија и Молдавија се пријателски земји и дека секогаш меѓусебно се поддржувале во однос на територијален интегритет. 

Дачиќ, се додава во соопштението, изјавил дека Србија затоа бара од молдавските власти да достават какви било информации за претпоставките до нејзините безбедносни служби и дека Белград ги бара сите информации за да спречи некој од Србија да учествува во вооружени и насилни акции насекаде во светот, што е строго казниво според српските закони.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајна несреќа вечерва во Скопје: Млада девојка со „Порше Кајен“ излета од патот кај Визбегово

Следно

Огнениот облак што се појави пред земјотресот во Турција сега е снимен над друга земја (ФОТО)

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop