Започна хуманитарна кампања за собирање средства за лекување на 24-годишната Теодора Ампова од Македонија, која веќе неколку месеци води тешка битка со метастатски карцином на ректум, болест која се проширила и на белите дробови.
По поставувањето на дијагнозата, Теодора ги поминала сите препорачани третмани во Македонија, вклучувајќи системска хемотерапија, палијативна радиотерапија и втор циклус на хемотерапија. Сепак, и покрај големата борба и силната волја, последните медицински контроли покажале дека болеста продолжува да напредува.
Надеж за понатамошно лекување пристигнува од болницата Medicana Health Group – Ataköy во Истанбул, каде што медицинскиот тим предводен од проф. д-р Еркан Доган ја прифатил Теодора за продолжување на третманот. Според препораките, потребни се дополнителни специјализирани испитувања, молекуларно-генетско тестирање, евентуална биопсија и започнување на третолиниска системска терапија.
Дополнителен проблем претставува тоа што лекот Lonsurf (Trifluridine/Tipiracil), кој е клучен дел од препорачаниот третман во комбинација со Bevacizumab, не е достапен во Македонија и мора да се обезбеди од Турција, што значително ги зголемува трошоците за лекувањето.
Организаторите на кампањата упатуваат апел до сите хумани граѓани да помогнат во рамките на своите можности, нагласувајќи дека секоја донација, но и секое споделување на апелот, претставува чекор поблиску до нова надеж за Теодора.
Собраните средства ќе бидат наменети за покривање на трошоците за целокупното лекување во Турција, со цел младата девојка да ја добие шансата да ја продолжи својата борба за живот.
Линк за донации:
https://ecrowd.mk/projects/2ea678f1-da9b-4516-a7da-f42abd6b0813?fbclid=IwdGRjcATXGsdjbGNrBNcauHBkb2YFZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQMMzUwNjg1NTMxNzI4AAEeWd3BQucIJUG4bjwXYru-y2b_MBVQU8sJ7HK2kSlKRyCmsQtkjxO_u8nqJ74_aem_Lm7JUPDoEVKkdkfXioZn7g
Извор: zurnal.mk

