Да не чекаме нови земјотреси за да си ги подобриме односите, порачаа шефовите на турската и на грчката дипломатија

February 12, 2023
1 min read

Потсетувајќи на земјотресот во Турција во 1999 година, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека и Грција доживеала земјотреси веднаш по таа катастрофа, а дека двете земји си се нашле една на друга во тие тешки моменти. Сепак, порача дека двете земји не треба да чекаат да бидат погодени од нова катастрофа за да ги подобрат односите

Атина и Анкара не треба да чекаат да се случат нови земјотреси и катастрофи за да ги подобрат меѓусебните односи. Ова денеска го заклучиле шефовите на грчката и на турската дипломатија Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу за време на средбата во турската провинција Хатај која беше погодена од земјотресот на 6 февруари.

Чавушоглу, зборувајќи пред новинарите заедно со Дендиас во јужната турска провинција Хатај, ја поздрави поддршката на Грција за неговата земја по разорните земјотреси.

„Присуството на Никос Дендиас овде денес ја покажува солидарноста на Грција и грчкиот народ со Турција и со турскиот народ. Една од првите земји што се јави и понуди помош за Турција веднаш по земјотресот беше Грција. И веднаш испратија тимови за пребарување и спасување и со голем број авиони донесоа хуманитарна помош во Турција“,

изјави министерот за надворешни работи на Турција, додавајќи дека добрососедството е видливо во вакви денови.

Потсетувајќи на земјотресот во Турција во 1999 година, Чавушоглу рече дека и Грција доживеала земјотреси веднаш по таа катастрофа, а дека двете земји си се нашле една на друга во тие тешки моменти.

„Важно е да си помагаме во тешки времиња, но не мора да чекаме нов земјотрес и нова катастрофа за да ги подобриме нашите односи. Се надевам дека ќе се потрудиме да се справиме со нашите разлики на искрен начин и да ги решиме преку дијалог“,

додаде Чавушоглу.

Неговиот грчки колега Никос Дендиас рече дека се согласува оти двете земји не треба да чекаат да се случи нова природна катастрофа за да ги подобрат меѓусебните односи.

Дендиас изрази сочувство до шефот на турската дипломатија за илјадниците луѓе кои ги загубија животите во катастрофалниот земјотрес и додаде дека е неизмерно задоволен од грчките спасувачи во Турција кои помогнале во извлекувањето на луѓето од под урнатините.

„Поддршката на грчката влада за турската влада и турскиот народ нема да заврши тука. Во согласност со инструкцијата што ја добив од премиерот Мицотакис, би сакал да кажам дека Грција ќе продолжи да дава сè од себе за да ги надминеме овие тешки денови, како на билатерално ниво, така и на ниво на Европската Унија“,

изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас за време на средбата со својот турски колега.

И покрај вековното ривалство со Турција, Грција беше меѓу првите европски земји што испрати спасувачи и хуманитарна помош, неколку часа по катастрофата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре е ден на жалост за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија

Следно

Ковачевски очекува конструктивна дебата во Собранието и усвојување на предлогот за нови министри

Latest from Blog

Софија Вергара ги помина празниците во Виена, објави серија фотографии

Ѕвездата од серијата „Modern Family“ позираше во луксузното лоби на легендарниот хотел Захер, каде што престојуваше со својот син Маноло и пријателката Анастасија Соаре и нејзината ќерка Норвина. Божиќен гламур За празникот,

КОЉАЧОТ НА БАБАТА ИМАЛ ПАРТНЕРКА – упасени се

Припадници на Управата за криминалистичка полиција (УКП) од станот на џелатот Тихомир Крстиќ извадиле две торби полни со докази, дознава Информер на лице место. Една жена беше изнесена и од станот на

Ван Дајк: Пресреќен сум за голот на Вирц

фото: LFC Pics (X) Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го пофали настапот на играчот од средниот ред Флоријан Вирц, кој го постигна својот прв гол за „црвените“ во саботата во натпреварот
Go toTop