ЧОВЕКОТ ШТО МОЛЧИ ЗАРАБОТУВА МИЛИЈАРДИ: Khaby Lame во бизнис од 830 милиони евра

January 23, 2026
1 min read

ИАКО е
познат по тоа што во видеата речиси и не зборува, Khaby Lame постигна
неверојатен успех. Како една од најголемите ѕвезди на
Тикток, тој заработува огромни суми од
објави во кои без зборови реагира на разни ситуации.

Сега, се
чини, се подготвува и за нов голем деловен потег – компанијата Rich Sparkle
Holdings објави дека ја презема неговата компанија Step Distinctive Limited за
975 милиони долари (повеќе од 830 милиони евра), а сè наводно е директно
поврзано со брендот на Lame, пишува LADbible.

Бренд што
би можел да носи милијарди

Целта е да
се изгради долгорочен бренд околу Khaby Lame кој, според проценките, би можел
да носи и до 4 милијарди долари годишно. Со тоа, тој престанува да биде само
тиктокер познат по гримасите – според
договорот, треба да стане и „сопственик на контролниот пакет“, што целата
приказна ја прави исклучително профитабилна и за него лично.

AI
„дигитален близнак“

Дел од
договорот вклучува и развој на AI „дигитален близнак“. Lame, како што се
наведува, одобрил користење на биометриски податоци – препознавање лице,
гласовен идентитет и модели на однесување за создавање AI двојник.

Со тоа се
отвораат вратите за „повеќејазично производство на содржина во повеќе верзии“ и
„виртуелна трговија во живо“ која би можела да се одвива за публика во сите
временски зони. Накратко – целта е да се создаде AI верзија на Khaby Lame со
цел дополнително да се монетизира неговиот бренд.

Зошто
секогаш молчи?

Многумина се
прашуваат зошто Lame не зборува во своите видеа. Уште во 2022 година тој изјави
за CNN дека сакал неговите реакции да ја пренесат онаа неверица од типот „ајде
бе“ – она што на интернет често се означува со кратенката „smh“. Lame,
Сенегалец со италијански пасош, кој за време на пандемиските затворања останал
без работа во фабрика, стана вирален благодарение на своите танци и видеа со
реакции.

„Дојдов до
таа идеја затоа што ги гледав тие видеа како кружат и ми се допадна идејата да
им донесам малку едноставност“, рекол тој. „Гестот дојде случајно, но тишината
не. Размислував како да допрам до што повеќе луѓе, а најдобриот начин беше да
не зборувам.“

Тој додал:
„Можеби затоа што моите фацијални експресии се смешни и ги насмејуваат луѓето –
таа едноставност ги насмејува луѓето и јас го сакам тоа.“ Со оглед на тоа што
не е познат по својот глас, многумина биле изненадени кога првпат го чуле како
зборува.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Германија иницира формирање центри за враќање мигранти во трети земји

Следно

Коњановски: Образованието е клуч за европска иднина на младите

Latest from Blog

Азија се уште без пораз на Мундијалот!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Репрезентациите од Азија се уште немаат ниту еден пораз на ова Светско првенство. Во првото коло од групната фаза досега настапија 6 од 9-те претставници на

Димитриеска-Кочоска: ИФЦ е клучен партнер за инвестиции и економска трансформација на Македонија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна дека во услови на глобални предизвици,

Божиновска: Потпишан грант од 2,4 милиони долари за подготовка на когенеративната централа во РЕК Битола

Во Владата на Република Македонија, свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка, со кој започнуваат подготвителните активности за реализација на проектот

Димитриеска-Кочоска: ИФЦ е клучен партнер за инвестиции и економски раст

16 јуни 2026 година, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација и бојадисување на клупите во Паркот на револуцијата – Могила

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира граѓаните дека во Паркот на револуцијата – Могила се спроведуваат активности за санација и уредување на урбаната опрема. Како дел од редовното одржување на паркот, извршена
Go toTop