Човекот што ја најави руската инвазија, сега најавува дека Крим ќе биде ослободен

February 2, 2023
1 min read

Буданов вечерта на 23-ти во својата канцеларија ја носи и сопругата сметајќи дека таму ќе биде најбезбедна. Вечерта тие разговараат дека ако нападот не се случи, толку ќе биде со неговиот ангажман во украинските разузнавачки служби. Денес 37-годишниот Буданов е еден од советниците на Зеленски чиј збор има најголема тежина, на исто ниво со информациите што доаѓаат од американското и британското разузнавање.

Тоа што тој тогаш го зборува е сериозно отфрлено од највисоки украински функционери, па дури и оние кои се согласуваат дека Русија ќе започне инвазија, ни под разно не прифаќаат дека таа ќе тргне во правецот на Киев, туку исклучиво дека ќе се одвива на истокот на земјата во Донбас.

За годинава неговото предвидување е дека Русија ќе се фокусира на освојување што е можно повеќе територија во Доњецк и Луганск, додека нова офанзива на северот од земјата е малку веројатно да се случи, а руската војска во Белорусија служи само за застрашување и поделба на украинските сили.

Неговото очекување од украинската војска е до летово да го освои Крим, и наспроти предупредувањата дека Русија би лансирала нуклеарки во случај Украинците да навлезат во полуостровот, Буданов смета дека тоа нема да се случи:

„Крим ќе ни биде вратен. И да ви кажам уште една работа: сѐ започна таму во Крим во 2014, и сѐ ќе заврши таму.

Тоа е заплашување. Русија е држава од која можеш многу да очекуваш но не и директен идиотизам. Извинете, ама тоа нема да се случи. Нуклеарен напад ќе резултира не само со пораз на Русија, туку и со колапс на Русија. Тие тоа одлично го знаат.“

Буданов е идентично уверен и во својот став дека Путин е терминално болен од рак и дека има неколку двојници кои се појавуваат место него, како и тоа дека моментално во Украина се борат 326.000 руски војници и дека залихите на руската војска со Калибар ракети со голем домет е на само 9%.

Дел од овие податоци Зеленски ги искористи во својот говор во Давос каде изјави дека не е сигурен дека Путин уште е жив.

Наспроти ова е изјавата на директорот на ЦИА, Вилијам Брнс, според кого нема индикации дека Путин воопшто е болен.

Неофицијално подемот на Буданов почнува во август 2016 кога тој, исто така неофицијално, е дел од саботерска екипа што убива потполковник на ФСБ во Крим. Тој подоцна е награден со Медалот за храброст за неименувана операција. Минатата година Буданов беше обвинет од Москва како еден од главните виновници за експлозијата што сруши дел од Кримскиот мост.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Денови на литературата“ во книжарниците на Литература.мк

Следно

Туркије: Норвешкиот амбасадор повикан во Министерството за надворешни работи

Latest from Blog

Макрон повторно е ѕвезда на социјалните мрежи по она што го направи во Индија- ги носеше и познатите очила (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон повторно стана ѕвезда на социјалните мрежи откако беше снимен како џогира по крајбрежната улица во Мумбаи наутро, облечен во шорцеви и очила за сонце, привлекувајќи го вниманието на

Петрушевски: ССМ бара исполнување на барања кои не биле испорачани 7 години од страна на СДС

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој на самиот почеток истакна дека ССМ за една година од Владата бара исполнување на

Владата избра 9 нови амбасадори

Екс министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Тој е еден од деветемина нови амбасадори чии имиња поминале на денешната владина седница.

Неверојатно:Ист судија, ист фаул, на Барса поништен гол а против неа – се е регуларно!(ВИДЕО)

ФОТО:x.com/BarcaUniversal Веќе навикнавме дека по секој меч на Реал Мадрид или Барса има коментари, посебно за судиите, но она што синоќа на гостувањето кај Џиромна го доживеа тимот на Ханси Флик, навистина
Go toTop