Четворица вработени во скопската Зоолошка градина под здравствен надзор – Андоновска: Нема опасност за посетителите!

October 20, 2024
1 min read

Четворица од вкупно 15 вработени во скопската Зоолошка градина (ЗОО) ќе бидат ставени под здравствен надзор по потврден случај на птичји грип кај угината гуска на 20 октомври.

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска денеска во изјава за медиумите посочи дека еден од вработените, покажал симптоми на покачена температура и дијареја, и истиот ќе биде тестиран за вирусот.

„Здравствен надзор согласно протоколите не подразбира карантин и изолација, туку медицинско следење во текот на следните две недели дали ќе пројават било каков симптом кој понатаму би требало да се испитува дали се работи за птичји грип. Вработените секојдневно ќе бидат контактирани од епидемиолози и ќе се следи нивната здравствена состојба“, вели Андоновска.

Андоновска увери дека не постои опасност за посетителите на Зоолошката градина, освен ако не биле во директен контакт со заразените птици.

Зоолошката градина ќе биде затворена за посетители на период од 21 ден, потврдија претходно од Агенцијата за храна и ветеринарство.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновска: Вработени од Зоо градината ќе бидат ставени под здравствен надзор, еден ќе биде тестиран за птичји грип

Следно

Украина: 17 лица се повредени во руски напад во Криви Рог во текот на ноќта

Latest from Blog

Официјално: Мудрик со дресот на Тотенхем (ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/TottenhamHotspur/ Тотенхам потврди – Михајло Мудрик е нов член на тимот на Роберто Де Зерби. Оваа вест беше објавена еден ден претходно, а многумина не се изненадени од фактот дека Роберто Де

Жена и две деца загинаа во израелски напад во Газа (ВИДЕО)

Уште едно дете беше убиено во одделен инцидент во централна Газа. Нападот се случи откако беше откриен рација во областа, пишува Би-Би-Си. Според непотврдени локални извештаи, рацијата ја извршила палестинска милиција поддржана

Промоција: Јуве се пофали со Волтемаде!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/Juventus/ Јувентус и официјално го засили својот напад со Ник Волтемаде, кој доаѓа од Њукасл на позајмица до крајот на сезоната 2026/2027. Според непотврдени информации, „бјанконерите“ ќе им платат на „страчките“ 3,5
Go toTop