Андоновска: Вработени од Зоо градината ќе бидат ставени под здравствен надзор, еден ќе биде тестиран за птичји грип

October 20, 2024
1 min read

Од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина за кои веќе е завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за четворица во текот на утрешниот ден ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја ќе биде извршено тестирање за присуство на птији грип.  За 16-тиот од листата, кој се уште не е исконтактиран, ќе се направат напори да биде исконтактиран во текот на денешниов ден, информира директорката на ИЈЗ Марија Андоновска.

-Здравствен надзор согласно протоколите не подразбира  карантин и изолација, туку медицинско следење во текот на следните две недели дали ќе пројават било каков симптом кој понатаму би требало да се испитува дали се работи за птичји грип. Тие секојдневно ќе бидат контактирани од епидемиолози од ИЈЗ и ќе се следи нивната здравствена состојба, изјави денеска Андоновска пред Институтот за јавно здравје.

Епидемиозлозите, како што рече, ја информирале дека еден од четирите лица за кои е завршена епидемиолошката анкета, на 18 октомври имал симтоми со температура и дијареја кои траеле еден ден што, како што рече, не значи дека укажува дека тоа лице има птичји грип.

-Тоа лице ќе биде тестирано во текот на утрешниот ден, бидејќи препораките од страна на епидемиолозите и микробиолозите се дека по појавата на првите симптоми во рок од пет дена треба да има тестирање, појасни Андоновска.

Нагласи дека нема опасност за посетителите кои биле во Зоолошката градина доколку немале директен контакт со заболените птици од птичји грип.

-За да се пренесе птичји грип треба да има близок контакт со заболено или мртво животно или да има близок контакт со некој од секретите, измет или слично од овие заболени или мртви животни. Тоа значи дека ризикот е мал доколку посетителите немале близок контакт, потенцира Андоновска.

Смета дека надлежните институции во текот на вчерашниот ден имале брза и навремена реакција согласно законските прописи и протоколи. Вели дека Лабораторијата на ИЈЗ е референтна и меѓународно акредитирана лабораторија за дијагностика на инфлуенца или грип од хумано и анимално потекло и дека во моментов има тестови за птичји грип, но додава дека не знае колкава ќе биде потребата и дали ќе треба да се набавуваат нови.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четворица вработени од Зоо Скопје од утре под здравствен надзор, еден од нив ќе биде тестиран за птичји грип

Следно

Четворица вработени во скопската Зоолошка градина под здравствен надзор – Андоновска: Нема опасност за посетителите!

Latest from Blog

“Перез ѝ помогна на Барса со 400 милиони евра!“

ФОТО: Real Madrid FC/X И тоа како се загрева атмосферата во пресрет на претседателските избори во Реал Мадрид. И дефинитивни Енрике Рикелме го нападна Флорентино Перез. Бизнисменот кој е сериозен противкандидат на

Канада бара обновување на северно американскиот трговски договор

Во соопштение објавено во вторник, канадскиот министер за трговија Доминик Лебланк побара договорот да биде продолжен за уште 16 години, опишувајќи го како „исклучително корисен“ за сите три земји. Овој потег доаѓа

Пендаровски потврди дека на Водно се разговарало и за Груевски: Реков дека немам намера да го помилувам

Поранешниот претседател Стево Пендаровски јавно потврди дека во претседателската вила на Водно се одржала средба меѓу претставници на тогашниот државно-политички врв и највлијателните амбасадори, на која се разговарало и за експремиерот Никола

Тилеманс и Лукаку ја “решија“ Хрватска!

ФОТО:.facebook.com/cff.hns/ Вечерва во Ријека, во пријателски натпревар, Хрватска беше поразена од Белгија со 0:2. Стрелци на головите беа Тилеманс во 38.минута и Лукаку во 90+6.минута. Ова беше и за двете селекции претпоследна
Go toTop