Чавушоглу во Москва: Соработка во борбата против тероризмот, иницирање на политичкиот процес во Сирија

May 10, 2023
1 min read

МОСКВА/АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, на состанокот во Москва ја истакна потребата од соработка во борбата против тероризмот, заедничката работа на воспоставување основа за враќање на Сиријците и започнување на политичкиот процес, пренесува Анадолу.

Во Москва е во тек четирилатерална средба за Сирија на шефовите на дипломатиите на Туркије, Русија, Иран и Асадовиот режим во Сирија.

„Ја истакнавме потребата од соработка во борбата против тероризмот, обезбедување на инфраструктурата за враќање на Сиријците, започнување политички процес во Сирија и заштита на територијалниот интегритет на Сирија“, објави Чавушоглу на Твитер.

Минатиот декември министрите за одбрана и шефовите на разузнавањето на Туркије, Русија и сирискиот режим се состанаа во Москва и се договорија да продолжат со трипартитните состаноци за да се обезбеди стабилност во Сирија и поширокиот регион.

Иран, исто така, беше вклучен во разговорите, при што Туркије претходно изјави дека Анкара би била „задоволна доколку Иран биде вклучен во процесот“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) И власта и опозицијата „паѓаат“ на проверката на факти – како гради „Бехтел и Енка“ во Србија

Следно

Пендаровски се сретна со првиот човек на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ал-Раиси

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop