(ВИДЕО) И власта и опозицијата „паѓаат“ на проверката на факти – како гради „Бехтел и Енка“ во Србија

6 mins read

Првата клучна разлика е што во македонскиот закон директно се споменува „Бехтел и Енка“ како фирмата која ќе гради и се предвидува владин комитет кој ќе ги договори условите. Во Србија не се споменува фирма во законот, туку се задолжува владата да формира работна група и да донесе подзаконски акт, преку кој ќе се избере најдобар понудувач

„Ова е голем ден, затоа што и за десет и за педесет и за сто години по овој автопат ќе одат луѓето и ќе можат да се сетат кој го направи тоа за нив

изјави српскиот претседател Александар Вучиќ (29.04.2023)

Овие самопофални зборови српскиот претседател Александар Вучиќ ги кажа на свеченоста за пуштање во употреба на една од делниците на Моравскиот коридор. Настанот беше одбележан и со возење во панорамски минибус по новите 17 километри автопат, во кој освен српскиот државен врв беа и амбасадорите на САД и на Обединетото Кралство. Зошто и тие? Затоа што автопатот го гради „Бехтел и Енка“ – фирма со седиште во Англија, а во американско-турско сопствеништво.

српскиот претседател Александар Вучиќ на отворање делница од Моравскиот коридор

Токму отворањето на автопат што го гради „Бехтел и Енка“ беше поводот што прво вицепремиерот Артан Груби, а потоа и СДСМ, се пофалија дека истата компанија и кај нас гради по истите стандарди.

„Со истиот посебен закон, со истиот договор, фирмата Бехтел-Енка гради и во Србија, каде што денеска државните власти пуштија во употреба дел од автопатот. И кај нас специјалниот закон го изгласа Собранието, се потпиша договор со истата компанија за изградба на коридорите 8 и 10-д, а неделава Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација.“

напиша Груби.

Од ВМРО-ДПМНЕ експресно возвратија – Груби е фабрика за лажни вести затоа што во Србија фирмата е избрана на тендер и гради поевтино отколку кај нас.

„‘Бехтел и Енка’ во Србија се одбрани со тендер, кај нас директно, без тендер, со договор напишан во 4 очи…Километар автопат во Србија од ‘Бехтел и Енка’ вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра. Надзор во Србија е професионална фирма, надзор во Македонија е фирма за долна облека со 4 вработени.“

напиша на Фејбук Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Кој ја зборува вистината? Власта, опозицијата или ни едните ни другите?

Артан Груби, ДУИ и Тони Јарески, ВМРО-ДПМНЕ

8 јули 2019 година. Тоа е датумот кога во Службениот весник на Србија е објавен Законот за утврдување јавен интерес и посебни постапки за реализација на проектот – изградба на автопат од Појате до Прељина, познат како Моравски коридор.

На 16 јули 2021 година е објавен во Службен весник македонскиот Закон за утврдување на јавен интерес, односно за изградба на четири делници од коридорите 8 и 10-д.

Првата клучна разлика е што во македонскиот закон директно се споменува „Бехтел и Енка“ како фирмата која ќе гради и се предвидува владин комитет кој ќе ги договори условите. Во Србија не се споменува фирма во законот, туку се задолжува владата да формира работна група и да донесе подзаконски акт, преку кој ќе се избере најдобар понудувач.

Закон за утврдување јавен интерес и посебни постапки за реализација на проектот – изградба на автопат од Појате до Прељина (Моравски Коридор),
Службен весник на Р. Србија

Значи, законите и не се баш исти, иако и не се толку различни како што изгледа на прва. Бидејќи, во суштина, со двата специјални закони се суспендира законот за јавни набавки во двете земји. Во Македонија, тоа е направено во полза на директни преговори со веќе избраниот понудувач. Во Србија, во корист на привидно конкурента постапка која ја спроведува владата со посебен, претходно непостоечки, подзаконски акт. 

Велиме привидно, затоа што условите во српската владина уредба од старт покренуваат сомнеж дека постапката е наменета за единствената фирма која на крај се пријавила.

„Најголем дел поени кој изведувачот може да ги добие, се остварува така што би се докажало дека изведувачот имал искуство со некои слични проекти, но само на територијата ан Југоисточна Европа.Што значи всушност тоа? Значи Владата порача дека некоја фирма која работела слични проекти во Казахстан, Чиле, Шпанија, Мароко или било каде низ светот, не е квалификувана. Квалификувана за работа е само онаа фирма која работела такво нешто само на Балканот. Така што, очигледно е дека е наместен овој тендер. Интересно е што понуда не поднеле ниту бројни кинески фирми кои во последните години добивале некои слични проекти во Србија, кои секогаш ги добивале врз основа на меѓудржавни договори, дури и без симулација на такви тендери, како што овде имавме прилика да видиме.“

вели Немања Ненадиќ, програмски директор на „Транспарентност Србија“.

Немања Ненадиќ, програмски директор на „Транспарентност Србија“

Ако се вратиме на законското решение во Србија, впечатливо е што повеќе од половина, односно 13 члена се посветени на прашањето за експропријација. На пример, уште во специјалниот закон се наведува дека ако се експроприра имот на кој има дивоградба за која не е завршена постапката, тогаш ќе се плати и вредноста на објектот. Утврдени се и исклучително кратки рокови за секој чекор од постапката, најчесто на три или пет дена.

Во македонскиот закон има само еден член посветен на експропријација. Во него, меѓу другото, се предвидува дека на стратешкиот партнер ќе му се овозможи владение на експроприраниот имот веднаш штом одлуката стане конечна, без да се чека правосилност.

Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за изградба на коридорите 8 и 10-д,
Службен весник на РСМ

Иако на различен начин, и во двата специјални закони се суспендираат делови од законите за царина, за ДДВ, за експропријација и веќе споменатиот – за јавни набавки.

„Овде имаме случај каде од почеток е избегнато да се примени клучот на антикорупциските правила и тоа е она што не води до заклучокот – дека во оваа работа државата претрпела некаква штета. Колкава е таа штета, всушност, не можеме никогаш во целост да дознаеме, затоа што не знаеме какви се понуди би стигнале да беше преку отворена постапка. Со други зборови, дали истите работи би ги добиле по поповолни цени од онаа што се плаќа на актуелниот владин партнер? Исто така, во Србија имаме проблем да дознаеме колку е вкупната вредност на вакви аранжмани затоа што за разлика од јавните набавки каде тие податоци се лесно проеврливи, бидејќи секоја година државните органи, министерствата и јавните претпријатија кои ги договораат проектите мораат да известат за вредноста на договорените работи, овде таа обврска не постои.

потенцира Ненадиќ.

Па, кој е во право, власта или опозицијата, на прашањето – дали во Србија „Бехтел и Енка“ се избрани на ист начин или имало конкурента постапка? Одговорот е – никој. Власта премолчува дека „Бехтел и Енка“ ги нема во српскиот закон и дека барем формално имало некаква компетитивна процедура за избор. Опозицијата, пак, не ја говори целосно вистината кога вели дека имало јавна набавка, па дури и дека поради тоа била договорена пониска цена.

Следната точка на судир меѓу власта и опозицијата е цената на чинење на автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“ во Србија и во Македонија.

За сите четири делници, македонската влада се обврза на сума од 1,3 милијарди евра за 110 километри автопат. Грубо кажано, еден километар, во просек, ќе чини 11,8 милиони евра. Ако успее да смени неколку закони.

Во Србија, за 112 километри од Појате до Прељина, колку што е долг Моравскиот коридор, вредноста на изградбата, според српската влада, е 745 милиони евра, плус 20% за „непредвидени трошоци“, што е околу плус 150 милиони евра. Тоа значи дека цената по километар во Србија е меѓу 6,7 и 8 милиони евра, зависно од „непредвидените трошоци“.

Па, кој е во право? Опозицијата вели дека километар автопат во Македонија чини 20 милиони евра, а во Србија 7. Или власта, која тврди дека километар автопат е поевтин во Македонија?

Одговорот е повторно – ниту едните, ниту другите.

За сите четири делници, македонската влада се обврза на сума од 1,3 милијарди евра за 110 километри автопат. Грубо кажано, еден километар, во просек, ќе чини 11,8 милиони евра. Ако успее да смени неколку закони.

Во Србија, за 112 километри од Појате до Прељина, колку што е долг Моравскиот коридор, вредноста на изградбата, според српската влада, е 745 милиони евра, плус 20% за „непредвидени трошоци“, што е околу плус 150 милиони евра. Тоа значи дека цената по километар во Србија е меѓу 6,7 и 8 милиони евра, зависно од „непредвидените трошоци“.

Па, кој е во право? Опозицијата вели дека километар автопат во Македонија чини 20 милиони евра, а во Србија 7. Или власта, која тврди дека километар автопат е поевтин во Македонија?

Одговорот е повторно – ниту едните, ниту другите.

Овие искази добиваат делумна кредибилност, само за некои делници во земјава. Ако се гледаат автопатите Прилеп-Битола или Тетово-Гостивар, каде просечна цена на километар е 6,6 односно 7,1 милиони евра, тогаш во земјава се гради поевтино отколку во Србија. Ако, пак, се гледа само цената за Гостивар-Букојичани, тогаш има вистинитост во тврдењето дека просечна цена на километар во земјава е 20 милиони евра.

И, на крај, за надзорот. Опозицијата тврди дека тука е избрана фирма за гаќи со четири вработени, а во Србија реномирана фирма. Власта, пак, молчи за ова прашање.

Фактите се дека во Македонија беше спроведена јавна набавка според Законот за јавни набавки и беше избран конзорциум предводен од италијанската ИРД инеженеринг. Истражувањата на „360 степени“ покажаа дека една од локалните фирми од конзорциумот, „Електра солушнс“, до пред некоја година шиела долна облека и дека за време на тендерот ги собирала неопходните дозволи.

Во Србија, пак, и надзорот е избран како и „Бехтел и Енка“ – со посебна процедура со владин подзаконски акт. И таму е избран конзорциум предводен од странска фирма, американската „Луис Бергер“, поточно нејзината канцеларија во Франција. За локалните партнери во тендерот не можевме да најдеме многу написи во медиумите, но има за „Луис Бергер“. Фирмата била надзор над изградбата на коридорот 10 во Србија, каде во барем два наврати се рушеше потпорен ѕид кај Грделичката клисура.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Што знае Фејсбук што се сто милијарди долари

Следно

Чавушоглу во Москва: Соработка во борбата против тероризмот, иницирање на политичкиот процес во Сирија

Latest from Blog

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

Милица Дабовиќ некогаш беше позната како успешна кошаркарка на српската репрезентација, но денес нејзиниот живот доби

УЕФА ја казни Барселона

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за