Чадиковски: Излегуваме на марш за да кажеме дека условите во кои работат новинарите мора да бидат достоинствени

2 mins read

Според Чадиковски, јавните функционери и денес знаат да имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, агресивниот државен пи-ар ја зема работата на новинарите, локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување, а безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде

Законите кои се важни за медиумите не се спроведуваат, јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите. Чувствуваме дека работите тапкаат во место, дури и се влошуваат. Излегуваме за да кажеме дека новинарството е јавно добро и дека условите во кои работат новинарите мора да бидат достоинствени, вели во изјава за МИА претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) Младен Чадиковски, по повод денешниот марш за одбрана на новинарското достоинство што ЗНМ го организира со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Маршот ќе започне од пред зградата на Владата, а медиумските работници ќе се движат до Собранието на РС Македонија.

„Ќе бидеме гласни, видливи и што е најважно обединети. Очекувам колегите да бидат присутни, затоа што овие прашања што ги истакнуваме не се важни само за ЗНМ или за ССНМ, важни се за сите нас, новинарите, снимателите и останатите медиумски работници, важни се за граѓаните, за да не ги изневеруваме нивните очекувања“,

вели Чадиковски.

Според него, јавните функционери и денес знаат да имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, агресивниот државен пи-ар ја зема работата на новинарите, локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување, а безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде.

Новинарскиот марш се организира кога Здружението одбележува 77 години постоење. Чадиковски потенцира дека е факт оти ова треба да биде заеднички труд на сите чинители, со цел да се креира амбиент за поквалитена работа на медиумските работници.

„Пред се, носителите на јавни функции и политичарите треба да сфатат дека не смеат да не игнорираат или потценуваат. Не заради нас, туку заради граѓаните и јавноста која ние ја претставуваме“,

порачува Чадиковски.

Според претседателот на ЗНМ, новинарството минува низ сериозни трансформации во поседниве години кои ги диктираат новите технологии.

„Нашата задача како новинари е професионалните стандарди на професијата да ги пресликаме и во новинарството кое се менува. Како здружение на новинари заедно со СЕММ го направивме Промедиа, регистарот на професионални онлајн медиуми, со цел фелата сама да почне да ги решава проблемите кои постојат во онлајн просторот. Тие се на добар пат, и очекуваме во наредниот период саморегулацијата да заземе уште позначајно место во медиумската сфера“,

додава Чадиковски за МИА.

Тој е дециден дека последните избори на ЗНМ, кои се сметаат за најмасовни досега, покажуваат оти новинарството како професија има капацитет да ја подигне солидарноста меѓу новинарите на многу повисоко ниво, и постојат прашања за кои можат да се согласат. Особено, како што вели, прашањата за кои мора да постои консензус.

„Со новинарството никој, најмалку политичарите, не смеат да си играат и што е уште поважно мора да се однесуваат со почит кон нас, во спротивно, ги навредуваат граѓаните и јавноста која ние ја претставуваме“,

дециден е првиот човек на ЗНМ.

Поддршка на ЗНМ за маршот за одбрана на новинарското достоинство упати Сејф журналистс мрежата која претставува повеќе од 8 200 медиумски професионалци во Западен Балкан. Во заедничко соопштение поддршка за маршот и честитки за 77 годишнинатата до ЗНМ кое е членка на оваа мрежа изразија здруженијата на новинари на Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, како и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Лионел Скалони останува селектор на Аргентина до 2026 година

Следно

Бројот на загинати од циклонот Габриел во Нов Зеланд се искачи на седум, се стравува дека ќе има повеќе жртви

Latest from Blog