Бугарските пратениците утре ќе гласаат за влада на Денков и Габриел, мнозинството граѓани ја поддржуваат

June 5, 2023
1 min read

Во анкета на „Алфа рисрч“ за БНТ, на прашањето „да бевте пратеник како би гласале во пленарната сала за избор на владата Денков-Габриел?“, 52 отсто од испитаниците одговориле дека би гласале „за“. Против, пак, се 35 отсто

Извор: БНТ

Народното Собрание на Бугарија утре треба да гласа за новата влада предложена од коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) предводена од Кирил Петков, кој договори влада заедно со ГЕРБ на Бојко Борисов.

Двата најголеми ривали, договорија заедничка влада со ротирачки премиер откако и по пет последователни парламентарни избори ниту една коалиција не успеа да освои доволно пратеници за да формира сама влада.

Утрешното гласање е закажано откако денеска претседателот Румен Радев донесе указ за гласање на новиот владин кабинет.

Претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков веднаш потоа свика вонредна седница чиј почеток го закажа за утре во 13 часот по локално време. На дневен ред е избор на премиер, усвојување на структурата на Владата и избор на министрите.

Според договорот на ПП-ДП и Демократска Бугарија, во првите девет месеци Владата ќе биде раководена од Николај Денков кој е кадар на Продолжуваме со промените. Марија Габриел од ГЕРВ, пак, ќе биде единствена вицепремиерка и министерката за надворешни работи, а по девет месеци ќе се ротираат на функциите со Денков.

Во пресрет на утрешното гласање, БНТ објави анкета направена од „Алфа рисрч“, според која, мнозинството граѓани на Бугарија го поддржуваат овој владин кабинет.

На прашањето „да бевте пратеник како би гласале во пленарната сала за избор на владата Денков-Габриел?“, 52 отсто од испитаниците одговориле дека би гласале „за“.

„Против“ би биле 35 отсто, а „воздржани“ 13 отсто.

Анкетата била спроведена денеска, телефонски на примерок од 400 полнолетни граѓани од цела Бугарија.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пукање во Љубљана: Двајца загинати, полицијата трага по убиецот

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) На пат кон ЕУ: Ахмети за помирување, Шекеринска за разбирање на стравовите

Latest from Blog

Николоски: Продолжуваат инвестициите во Неготино, во тек се проекти вредни над четири милиони евра

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Неготино, Марија Нацева, изврши увид во реализацијата на неколку значајни инфраструктурни проекти во општината.

Речиси 47,5 милиони денари промет на Берзата, најтргувани акциите на Универзална Инвестициона Банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 02.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.461,62 поени. Во однос

Општина Битола: Во тек реконструкција на улици, спортски игралишта и изградба на нов паркинг

Во Битола продолжуваат градежните активности на повеќе локации, со фокус на реконструкција на улици, унапредување на спортската инфраструктура и изградба на нови паркинг-простори. Од Општина Битола информираат дека во тек е комплетна

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп: По повеќе од 10 години исчистен просторот кај поранешната Зоолошка градина

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп спроведоа темелна акција за расчистување на просторот во населбата Вишне 2, на локацијата каде што некогаш се наоѓала Зоолошката градина. Во рамки на акцијата беа отстранети
Go toTop