Бугарија: Првиот работен ден на новото Народно собрание заврши без избор на претседавач

April 12, 2023
1 min read

За функцијата претседател на парламентот имаше две кандидатури – на Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС и Петар Петров од Преродба, но и двајцата не успеаја да го соберат потребниот број гласови на јавното гласање

Бугарските пратеници од 49. Народно собрание на првата седница не успеаја да изберат претседател на парламентот, поради што таа ќе продолжи утре.

Слична беше ситуацијата и на почетокот на 48. Народно собрание, кога исто така во првиот работен ден не беше избран претседавач. Тогаш првата седница траеше три дена, по што со консензус беше избран Вежди Рашидов од ГЕРБ-СДС, потсетува БТА.

За функцијата претседател на парламентот имаше две кандидатури – на Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС и Петар Петров од Преродба, но и двајцата не успеаја да го соберат потребниот број гласови на јавното гласање. Кандидатот на Преродба доби поддршка само од неговите колеги од групата (37 пратеници), 88 беа „против“, а 39 „воздржани“. За кандидтот на ГЕРБ-СДС гласаа 79 пратеници, „против“ беа осуммина, а 144 пратеници беа „воздржани“.

Копретседателот на Продолжуваме со промената, Асен Василев, предложи на секои два месеци пратениците да носат одлуки за избор на претседател на собранието и претседател на Правната комисија на ротационен систем од двете главни политички сили во Народното собрание.

Следуваше пауза и средба на претставници на пратеничките групи, која заврши без конкретен резултат, посочува БТА.

Фото: БТА

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ристовски: Горд сум што играм за Динамо Загреб, за пет минути се договоривме

Следно

Модриќ одбил понуда од 60 милиони евра, сака кариерата да ја заврши во Реал Мадрид!

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop