Бугарија е спремна за деескалација на односите со С Македонија, но под одредени услови – вели Милков

January 29, 2023
2 mins read

Ние сакаме да бидат заштитени правата на Бугарите таму, се стремиме кон деескалација која ќе донесе подобра заштита на правата на Бугарите, но очекуваме конкретни чекори од С Македонија, рече бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков во гостување на БТВ

Најважниот услов за смирување на тензиите, според Милков, е внесување на Бугарите во македонскиот устав, но и гарантирање на слободата и безбедноста на бугарските државјани во С Македонија

Во гостувањето на БТВ, бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков кажа дека од македонска страна никој не се занимавал со заканите што Христијан Пендиков ги добивал на социјалните мрежи. Тој вели дека во Северна Македонија се води антибугарска пропаганда, па затоа Бугарите или треба да бидат замолчени и да не се занимаваат со својата дејност како членови на бугарските клубови или, пак, да бидат прогонети и да дојдат да живеат во Бугарија.

“Тоа е серизоен проблем. Наместо да се бараат напаѓачите, во полиција се испрашуваат активистите од клубовите и не знаат дали се повикани како обвинети или како сведоци на тоа што се случило во клубот”,

вели Милков.

Милков уште вели дека антибугарско расположение има и кај институциите, споменувајќи ја Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Воедно вели дека доколку не се заштитат правата на Бугарите, ќе има „бетонирање на репресијата”.

„Ние сме спремни за деескалација во односите под одредени услови. Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува. Конкретно, бараме заштита на правата на Бугарите таму – ако тоа не се постигне, бетонирање на репресијата”,

кажа Милков.

Тој кажа дека македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, со изјавата дека треба да прекинат инцидентите и говорот на омраза од двете страни, сакал да ги релативизира работите со случајот „Пендиков”, но вели самата изјава е признание дека овој инцидент бил од омраза. Воедно, тој вели дека не се согласува со ставот на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека случајот со претепувањето на Пендиков се користи за внатрешнополитички цели во Бугарија.

“Добро е да се чека што ќе покаже истрагата за случајот Пендиков, но проблемот е што искуството во Бугарија покажало дека прекршоците од таков карактер во Северна Македонија останувале неказнети или неистражени”,

вели Милков.

Во однос на провокации од бугарска страна, Милков вели дека секогаш кога имало провокации од бугарска страна министерството реагирало, а за говорите на европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарското Собрание, Костадин Костадинов во Скопје, вели дека тоа не може да го коментира бидејќи немал информации што се случило бидејќи не бил таму.

„Не можеме да поддржиме такви изјави, затоа што не само што не водат до добрососедски односи туку ги зголемуваат тензиите во Северна Македонија кои се рефлектираат врз правата на Бугарите таму и повторно одиме во круг”,

истакна Милков.

За чествувањето на Гоце Делчев на 4 февруари, тој ја повика С Македонија да обезбеди мирно чествување бидејќи земјата има одговорност да го направи тоа.

“Во Скопје заминуваат министерот за внатрешни Иван Демерџиев и директорот на ДАНС, Пламен Тончев, кои ќе зборуваат за практичните чекори кои треба да се преземат, пред се, за чествувањето на 4 февруари”,

вели Милков.

Милков рече дека Бугарија има изградено консензус за тоа како да ги развива односите со Скопје, а според него, тоа нема да биде дел од изборната кампања што претстои во Бугарија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еве какво ќе биде времето оваа седмица (Фото)

Следно

Папата повика на дијалог и мир помеѓу Израел и Палестинците

Latest from Blog

Божиновска со порака за Прочка: Да отвориме ново поглавје со простување

По повод празникот Прочка, Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, упати порака за простување, искреност и лична одговорност. „Прочка не е ден само симболично да се изговори ‘прости’. Ова

БРАКО помогна на најранливите – 330 оброци за граѓани во социјален ризик

Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината. Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој

Проданоски со порака за Прочка: Простете и простено нека ни е на сите

По повод празникот Велики поклади – Прочка, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за простување, смирение и зацврстување на меѓусебната доверба. Во својата објава тој истакна дека празникот нè повикува на

Фабрегас: Јувентус е италијански Реал Мадрид, сакам Комо да игра во стилот на Венгер

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, изрази големо почитување кон Јувентус и неговиот соиграч Лучијано Спалети по клучната победа од 2-0 во Торино. Младиот стручњак, исто така, призна дека црпел инспирација од својот

Пезешкијан: Иран нема да попушти под притисокот за време на преговорите со САД

„Светските сили нè принудуваат да попуштиме… но ние нема да попуштиме, и покрај сите проблеми што ни ги создаваат“, рече Пезешкијан во говорот емитуван во живо на Иранската државна телевизија. Пезешкијан рече
Go toTop