Брод со 1.908 тони хуманитарна помош тргна од Туркије кон Газа

May 8, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ/МЕРСИН (АА) – Брод со хуманитарна помош за Појасот Газа денес тргна од Туркије до крајбрежната енклава, јавува Анадолу.

Вкупно 1.908 тони хуманитарна помош во храна, медицински материјали, средства за хигиена и засолништа превезува бродот „Бродот на добрината за Газа Туркије-Катар“, кој тргна од Меѓународното пристаниште Мерсин, соопшти Турската управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Туркије досега има испорачано 52.016 тони разни материјали како хуманитарна помош во Газа со 13 авиони и 10 бродови, додаде АФАД.

Бродот е испратен со пригодна церемонија од Меѓународното пристаниште во Мерсин.

Турскиот заменик министер за внатрешни работи, Мунир Каралоглу, изјави дека Израел изврши злосторства против човештвото и геноцид со воената офанзива во Газа.

„Се надеваме дека ќе постигнеме траен прекин на огнот што е можно поскоро. Оставете ги нашите браќа од Газа да продолжат да живеат во мир во својата земја и родниот град“, рече тој, додавајќи дека Туркије ќе продолжи да се залага за праведната кауза за Палестина на меѓународната сцена.

Катарската државна министерка за меѓународна соработка, Лолва Рашид Ал Катер, рече дека обезбедувањето помош е хуманитарна должност.

„Тие (израелските сили) го зазедоа граничниот премин Рафа. Тие продолжуваат да ја блокираат испораката на хуманитарна помош. Да не потсетувам за убивањето и принудувањето луѓето да мигрираат. Во регионот се случува невидена драма“, рече таа.

Министерката истакна дека ги цени, во име на Катар, сите напори преземени и спроведени од „братска Туркије“.

„Ние соработуваме со Туркије за многу прашања кои можат да бидат од корист за милиони луѓе низ светот. Исклучително сме горди на нивото што го достигнаа развојните стратешки односи меѓу државата Катар и Република Туркије“, додаде таа.

Израел започна воена офанзива во Газа како одмазда за нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа помалку од 1.200 луѓе.

Оттогаш, во израелските напади врз Газа загинати се речиси 34.800 Палестинци, главно жени и деца, а 78.100 се повредени, според палестинските здравствени власти.

Речиси седум месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, 85 отсто од населението на енклавата е принудено внатрешно да се расели и наметната е целосна блокада на храна, чиста вода и лекови, според Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Во привремената пресуда во јануари се вели дека „веројатно“ е дека Израел врши геноцид во Газа и му нареди на Тел Авив да ги запре таквите дејства и да преземе мерки за да гарантира дека се обезбедува хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нетанјаху и шефот на ЦИА разговараа за запирање на израелската офанзива во Рафа за ослободување на заложниците

Следно

Се откачи рингишпил во Србија, повредени 13 деца

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема
Go toTop