Бригадите Ал-Касам учествуваа во жестоки судири со израелската Армија во источна Рафа

1 min read

АНКАРА (АА) – Вооруженото крило на палестинската група на отпорот Хамас денес соопшти дека нивните борци се вклучени во жестоки судири со израелските сили во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Бригадите Ал-Касам влегуваат во жестоки судири со инвазивните (израелски) непријателски сили во источна Рафа“, се вели во кусото соопштение на бригадите.

Одделна група, бригадите Ал-Кудс, вооруженото крило на групата Исламски џихад, исто така објави дека нејзините сили се вклучени во жестоки судири со израелските сили во источна Рафа.

Авичај Адраи, портпарол на израелската Армија, рече дека израелската Армија спроведува ненадеен напад врз, како што рече, целите на Хамас во источниот дел на Рафа.

Претходно вчера, израелските сили ја презедоа контролата на граничниот премин Рафа што ја поврзува Газа со Египет, затворајќи го за секаков сообраќај.

Во понеделникот, израелските сили издадоа наредби за евакуација на Палестинците во источна Рафа, во потег што нашироко се смета за увертира за долгиот и страшен напад на Израел врз градот, во кој живеат околу 1,5 милиони раселени Палестинци.

Рафа е дом на повеќе од 1,5 милиони раселени Палестинци кои избегаа од војната откако Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа веќе седум месеци со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, во израелските напади се убиени повеќе од 34.800 Палестинци, главно жени и деца а над 78.000 други се повредени, во услови на масовното уништување и големиот недостиг на неопходни средства.

Според податоците на Обединетите нации, израелските напади врз палестинската енклава принудија 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се раселат, предизвикувајќи акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

И покрај безбедносните грижи, кинески камери за надзор се шират низ Источна Европа

Следно

Туркије и Кувајт потпишаа 6 договори за соработка

Latest from Blog