Божиновска: Креативноста на децата е двигател на зелената транзиција

June 1, 2026
1 min read

Ученици и наставници од 15 основни скопски училишта, денеска, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги претставија своите проекти на тема „Зелената енергија е иднината – а нашата иднина се децата“ на настанот кој се организираше по повод 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето.

Користејќи обновливи извори на енергија, учениците и наставниците ги прикажаа своите уникатни идеи, меѓу кои впечатливи макети, како мини еко-системи, самоодржливи урбанистички решенија и иновативни проекти за рециклирање.

На конкурсот беа избрани три најкреативни решенија. Првото место им припадна на учениците и наставниците од ООУ „Крсте Мисирков“ од општината Гази Баба, додека второто и третото место го добија учениците и наставниците од ООУ „Дане Крапчев“ од општината Гази Баба и ООУ „Петар Поп Арсов“ од општина Карпош.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на настанот им честиташе на сите ученици и наставници за нивните уникатни идеи.

„Се надевам дека вашите креативни решенија ќе станат реалност“, им порача министерката Божиновска, истакнувајќи го напредокот на нашата земја во однос на искористеноста на обновливите извори на енергија. Министерката, при тоа, ја нагласи важноста на зелената енергија за граѓаните, појаснувајќи ги нејзините придобивки.

Први јуни – Меѓународниот ден на детето, прогласен од УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, традиционално се одбележува во многу земји во светот, со цел да се истакне важноста од грижата, развојот и поддршката на децата.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со денешниот настан се придружува кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден на детето, како дел од нашите заложби за поддршка на младите и нивното знаење и создавање услови за воспоставување на стабилен и сигурен енергетски систем преку поголема интеграција на обновливите извори на енергија.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски им оддаде признание на младите музичари и хористи

Следно

Берзански минус од 0,29 отсто, ликвидноста концентрирана кај банкарскиот сектор

Latest from Blog

Проданоски: Секое дете заслужува да расте во семејство исполнето со љубов и грижа

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Меѓународниот ден на згрижувачките семејства, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до сите деца и згрижувачки семејства, истакнувајќи ја нивната значајна

Берзански минус од 0,29 отсто, ликвидноста концентрирана кај банкарскиот сектор

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 01.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.737,78 поени. Во однос

Коњановски им оддаде признание на младите музичари и хористи

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет ги прими учениците од училишниот бенд и хорот на ООУ „Гоце Делчев“, кои постигнаа значајни успеси на домашни и меѓународни музички натпревари. Учениците

Стара Водејнца – место каде природата, традицијата и домашната кујна се среќаваат

Стара Водејнца, сместена помеѓу Октиси и Вевчани, е ресторан кој ја носи атмосферата на старите воденици, домашната трпеза и природата од подножјето на Јабланица. Опкружена со зеленило, вода и мирен амбиент, оваа
Go toTop