Борел на средба со Курти и Вучиќ: Се надевам на конструктивен пристап од двете страни

February 27, 2023
1 min read

Трилатералната средба започна нешто пред 18 часот. Борел и Лајчак претходно одвоено разговарале со Курти и Вучиќ, по што дошло до непланирана пауза од околу еден час, пренесува Бета

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, вечерва во Брисел, на почетокот на средбата со лидерите на Србија и Косово, изрази надеж дека тие ќе заземат конструктивен пристап.

Борел на Твитер објави фотографии и напиша дека започнала заедничката средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Албин Курти и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

„На дневен ред е предлогот на ЕУ за нормализација на односите. Се надевам на конструктивен пристап од двете страни“,

напиша Борел.

Трилатералната средба започна нешто пред 18 часот. Борел и Лајчак претходно одвоено разговарале со Курти и Вучиќ, по што дошло до непланирана пауза од околу еден час, пренесува Бета.

Додека се одвиваше средбата меѓу Борел, Лајчак и Курти, српскиот претседател во Брисел се сретна со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СВЕТОТ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА СЕ ШОКИРА – најнова снимка од вториот разорен земјотрес, луѓето скокаат од згради, а тоа што го прават кучињата е нетипично за нив (ВИДЕО)

Следно

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум
Go toTop