Борел бара итно продолжување на дијалогот Белград – Приштина: Во Европа веќе има премногу насилство

May 30, 2023
1 min read

Тој наведе дека синоќа разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ, а утрово со косовскиот премиер Албин Курти и од двајцата побарал „итно да преземат мерки за деескалација на тензиите веднаш и безусловно“

Властите во Приштина мора да ги запрат акциите на специјалната полиција околу општинските згради во северниот дел на Косово, а насилните протести да престанат, изјави денеска во Брисел високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

„ЕУ силно го осудува насилството на северот на Косово што го видовме изминатите денови. Насилните дејствија против граѓаните, медиумите, органите на прогонот и војниците на КФОР се апсолутно неприфатливи и водат до многу опасна ситуација. ЕУ цврсто стои зад мисијата на НАТО КФОР во исполнување на неговиот мандат во интерес на мирот и стабилноста во Косово“,

посочи Борел.

Тој додаде дека работи на организирање итен дијалог меѓу Белград и Приштина на високо ниво со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак, со цел веднаш да се запре ескалацијата и насилството.

„Мора да се избегне секоја понатамошна еднострана акција и да се воспостави мир. Како прв чекор, очекувам косовските власти да ги прекинат полициските операции фокусирани на општинските згради на северот на Косово и насилните демонстранти да се повлечат. Ќе продолжам да соработувам со двајцата лидери“,

истакна Борел.

Тој наведе дека синоќа разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ, а утрово со косовскиот премиер Албин Курти и од двајцата побарал „итно да преземат мерки за деескалација на тензиите веднаш и безусловно“.

Борел нагласи дека „во Европа веќе има премногу насилство“ и дека ЕУ нема да дозволи нов конфликт.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Овде не е Москва“ – протести во Софија за оставка на Радев

Следно

Енис Барди стрелаше за Трабзонспор (ВИДЕО)

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот
Go toTop