Блинкен ќе присуствува на неформалната вечера на Министерскиот совет на ОБСЕ, за Лавров не е потврдено

November 25, 2023
1 min read

реклама


Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе дојде на неформалната вечера на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, потврди денеска министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи.

Османи, кој одржа брифинг со новинарите околу подготовките на Советот, не можеше да прецизира дали на неформалната вечера ќе присуствуваат и рускиот и украинскиот министер за надворешни работи. Како што рече, агендите на сите министри се различни, па не мора да значи дека секој од нив ќе биде присутен на конференцијата сите три дена.

реклама

На 28 ноември, информира Османи, ќе почнат да пристигнуваат гостите, а неформалната вечера е предвидена за 29 ноември со поголемиот број министри. На вечерата се очекува да бидат изнесени ставовите на државите во однос на иднината на ОБСЕ, но тема, како што рече Османи, ќе биде и агресијата во Украина.

На Министерскиот совет е предвидено одржување и повеќе други, т.н. странични настани, за кои се планирани неколку теми: Украина, климатски промени, млади и цивилно општество…

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

22 години нема слух за учениците Македонци кои учат во лимени контејнери

Следно

(ВИДЕО) Ново издание: По сториите на 360°, Обвинителството отвори предмет за масовните незаконски легализации во Чаир

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop