Битола презема вонредни мерки против комарците поради ризик од заразни болести

August 19, 2026
1 min read

Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела (https://www.bitola.gov.mk/ќе-се-спроведува-дополнителна-дезинс/).

Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција, општината тогаш ја воочи имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во земјата, односно прогласената епидемија на Западнонилска треска на подрачјето на дел од Скопје, како и неопходноста од засилување на превентивните мерки за контрола на комарците како вектори на заболувањето.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес присуствуваше на терен заедно со екипите од Центарот за јавно здравје, кои ја спроведуваат дезинсекцијата.

„Како Општина Битола, спроведуваме вонредна ларвицидна дезинсекција, за оние ларвени облици на комарецот, а од 23.08 до 27.08 ќе спроведуваме и адултицидно третирање за зрелите форми на комарците. Да напоменам дека, Општина Битола, редовно ги спроведува превентивните мерки во континуитет од 2005 година. Општината се третира на критичните точки кои ги означува Центарот за јавно здравје и ова е една вонредна мерка во интерес на заштита и превенција од болестите кои ги пренесуваат комарците, меѓу кои и WNV (West Nile virus) вирусот“, рече градоначалникот Коњановски.
Директорката на Центарот за јавно здравје, Светлана Поповска Кљусева, информираше дека ова година, во Битола не е регистриран случај на западнонилска треска, а Општина Битола, целосно според Планот и програмата ги спроведе и адултицидната и ларвицидната дезинсекција.

„Ќе се спроведат и вонредни адултицидна и ларвицидна дезинсекција, но мора да нагласиме дека комарците се вектори на поголем број заразни заболувања, не само на западнонилската треска и затоа во решавањето, контролата на комарците треба сите граѓани да учествуваме. Тоа, не е проблем само на локалната самоуправа, иако локалната самоуправа во Битола, комплетно ги има спроведено досега сите мерки, но и ние како граѓани, мора да придонесеме во мерките за превенција. Застоените води во дворовите мора да бидат исчистени од страна на граѓаните, сите води кои што се во саксии, во кутии, да се покријат бунарите, резервоарите, да се исчистат олуците. Исто така, важно е да се постават заштитни мрежи на вратите и прозорците, граѓаните лично можат да користат репеленти, тоа се спрејови, гелови, стикови кои се прскаат на телото со цел да се одбијат комарците, да се избегнува излегување кога се комарците најактивни, навечер и во раните утрински часови, а кога се излегува во тој период да се носи облека со долги ракави и ногавици“, апелира директорката на Центарот за јавно здравје, Светлана Поповска Кљусева.

Општина Битола и во следниот период, продолжува со континуирана координација и соработка со Центарот за јавно здравје – Битола и внимателно ја следи епидемиолошката состојба. Согласно стручните препораки на надлежните здравствени институции и проценката на ризикот, Општината навремено ќе ги презема сите потребни превентивни мерки со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на евентуални ризици по јавното здравје.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без струја делови од Сопиште и општина Ѓорче Петров

Latest from Blog

Светот се подготвува за недостиг на бакар, Македонија останува со еден рудник и неискористен потенцијал

Бакарот повторно се приближува до рекордните цени на светските берзи, додека зголемените ценовни распони укажуваат на сè поголем притисок врз глобалната понуда. На Лондонската берза за метали цената се приближува до 14.500

Проданоски со честитка по повод Свето Преображение Господово

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата богослужба во храмот „Свето Преображение“ во Прилеп, по повод големиот христијански празник Свето Преображение Господово. Проданоски упати честитки до верниците и истакна

Николоски: Преображение Господово нека ни донесе сила и надеж за подобри денови

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, по повод празникот Преображение Господово присуствуваше на светата литургија во новиот Божји храм во Гостивар. Со светата литургија чиноначалствуваа владиката г. Јосиф и

Божиновска: Македонија се позиционира како енергетски центар на Балканот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во нова колумна ја претстави стратешката визија за енергетската трансформација на Македонија, нагласувајќи дека инфраструктурата што се гради денес ќе ја одреди енергетската
Go toTop