Бесплатни стоматолошки услуги за сите пензионери, учениците и децата во градинките во социјален ризик во општина Центар

February 10, 2023
1 min read

Општина Центар во соработка со Стоматолошкиот факултет – Скопје ги проширува проектите на бесплатни стоматолошки прегледи со кои покрај учениците, ќе може да ги користат и децата од градинките кои исто така се во социјален ризик и сите пензионери во Општина Центар.

По тој повод градоначалникот на Општина Центар вчера одржа средба со Проф. Др. Ќиро Ивановски, декан на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје Стоматолошки Факултет – Скопје, проф. Д-р Сања Панчевска – Продеканот за настава, проф. Д-р Елизабета Ѓоргиевска – Раководителот на катедрата за детска и превентивна стоматологија и секретарот Влатко Коколански со кои ги прецизираа деталите за проектот „Дејствувај за подобро орално здравје“.

„Општина Центар се грижи за сите граѓани подеднакво затоа преку овој проект сакаме да им помогнеме на семејствата од социјален ризик обезбедувајќи бесплатни стоматолошки услуги за нивните деца. Одржувањето на оралното здравје е од суштинско значење за да се задржи правилното функционирање на организмот и севкупното здравје и квалитет на животот воопшто. Затоа покрај поправката на запчињата децата на Стоматолошкиот факултет ќе добијат и совети за здрави навики и здрава исхрана како и едукативни предавања за правилно четкање на забите. Воедно преку овој проект важно е што дечињата од најмала возраст се соочуваат и го победуваат стравот од одење на забар. Во соработка со Здружението за пензионери, бесплатни стоматолошки услуги добиваат и сите пензионери во Општина Центар“, изјави Герасимовски.

Бесплатните стоматолошки услуги ќе може да ги користат деца во градинките и основните училишта чии родители имаат законски одредена минимална плата, се корисници на социјална помош, се самохрани родители со законски одредена минимална плата, глувонеми родители со законски одредена минимална плата или пензија, слепи родители со законски одредена минимална плата или пензија.

Додека заинтересираните пензионери од денеска можат да закажат бесплатен стоматолошки преглед на следниот телефонски број: 071/223-320, секој работен ден во период од 8:00 до 14:00 часот. Стоматолошките прегледи ќе се спроведат од 20.2.2023 до 24.2.2023 година во претходно закажаниот термин. На овие стоматолошни прегледи пензионерите ќе добијат дополнителен датум следствено проблематиката на услугата и потребната стоматолошка интервенција.

Целта на овој проект е подигнување на свеста и поттикнување на семејствата и заедницата за превземање мерки за намалување на штетните последици кои ги предизвикуваат оралните болести. Преку овие бесплатни стоматолошки услуги особено децата ќе научат како правилно се четкаат забите, како се одржува оралната хигиена и колку е важно оралното здравје почнувајќи од најраната возраст. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерите на ЕУ на самитот се согласија да ја зајакнат граничната контрола и политиката на враќање мигранти

Следно

Обилни снежни врнежи во Јапонија: Откажани летови, патиштата блокирани

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос
Go toTop