Белата куќа: Бајден не знаел дека во неговата куќа има доверливи документи

January 12, 2023
1 min read

Бајден не знаел што има во тие доверливи документи, соопшти Белата куќа, откако Мерик Гарланд, државен обвинител на САД, го објави назначувањето на специјален обвинител кој ќе го истражи ракувањето на Бајден со доверливите владини документи

Откако Мерик Гарланд, американскиот државен обвинител, објави назначување на специјален советник кој ќе го истражи начинот на кој Џозеф Бајден постапувал со доверливите владини документи, Белата куќа соопшти дека претседателот не знаел што има во тие доверливи документи.

„Американскиот претседател Џозеф Бајден не знаел дека доверливите документи од неговите потпретседателски денови се наоѓаат во канцеларијата на неговиот поранешен институт во Вашингтон или во неговата куќа во Вилмингтон“,

изјави денеска портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Бајден не знаел што има во тие доверливи документи, соопшти Белата куќа, откако Мерик Гарланд, државен обвинител на САД, го објави назначувањето на специјален обвинител кој ќе го истражи ракувањето на Бајден со доверливите владини документи, објави Ројтерс.

Гарланд најави дека истрагата ќе ја води Роберт Хур, поранешен обвинител во американската сојузна држава Мериленд, објави Гласот на Америка.

„Претресот беше завршен синоќа. Мал број доверливи документи беа откриени во складиштата и кабинетите во мојата куќа – во библиотеката“,

рече Бајден.

Беше објавено дека документите се пронајдени во заклучена гаража во градот Вилмингтон, како и во соседната соба. Американскиот претседател посочи дека неговите правни застапници веднаш го известиле Секретаријатот за правда и дека целосно соработуваат со случајот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бразилецот Миранда ја заврши кариерата

Следно

Здруженијата за заштита на животните на собир пред Влада со неколку барања

Latest from Blog

Тоневски: Првачињата со голем интерес се запознаа со работата на Општината Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска оствари средба со најмладите жители на општината, кои имаа можност одблиску да се запознаат со работата на локалната самоуправа и со обврските на градоначалникот. На

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција – Јавните финансии ги водиме одговорно

8 октомври 2026, Скопје – Ребалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот

Коњановски: Го менуваме начинот на управување со отпадот во целиот регион

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска учествуваше на втората работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Пелагонискиот и Југозападниот плански регион, на која беше презентирана нацрт-верзијата на Регионалниот план
Go toTop