Барселона не го продаде Рафиња на Арсенал за 70 милиони евра и покрај финансиските проблеми

February 23, 2023
1 min read

Барселона не го продаде Рафиња во зимскиот преоден рок и покрај финансиските проблеми.

Според „Diario Sport“, во текот на зимскиот преоден рок, каталонскиот клуб добил понуда од Арсенал тешка 70 милиони евра за 26-годишниот крилен напаѓач.

Со оглед на тоа што Барселона го купи Рафиња од Лидс летото за 58+7 милиони евра, договорот со Арсенал ќе изгледаше финансиски оправдан. Сепак, Каталонците одбија да го продадат Бразилецот, бидејќи го сметаат за вреден играч за во иднина. Стручниот штаб верува во Рафиња, па се противеше на неговата продажба.

Рафиња оваа сезона постигна седум гола и девет асистенции на 32 натпревари за Барселона во сите натпреварувања. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се евакуираат стотици деца: Дојави за бомби во 14 скопски училишта

Следно

САД: Три лица загинаа, од кои едно дете, во оружен напад во Флорида

Latest from Blog

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена
Go toTop