Бајрактар ТБ3 успешно продолжува со тестовите на брод

November 26, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА)

Турското беспилотно летало Бајрактар ТБ3 уште двапати успешно ги заврши тестовите за слетување и полетување на бродот „ТЏГ Анадолу“, кој пловел покрај брегот на Чанаккале, без употреба на опрема за поддршка, известува Анадолу.

Според изјавата на компанијата „Бајкар“, беспилотно летало Бајрактар ТБ3, кое полета и слета на кратка писта на брод, продолжува со тестовите на брод отворајќи нови полиња во светската авијациска историја.

Бајрактар ТБ3 слета и полета уште двапати без употреба на опрема за поддршка при слетување во својот втор летачки тест од бродот „ТЏГ Анадолу“, кој вчера пловел покрај брегот на Чанаккале. Турското беспилотно летало успешно го заврши тестот во кој леташе на просечна височина од 20.000 стапки.

Беспилотно летало Бајрактар ТБ3, кое ги заврши тестовите во Кешан и тестовите за пристап на отворено море, успешно полета од кратката писта на „ТЏГ Анадолу“ со наклон од 12 степени на 19 ноември. Бајрактар ТБ3, кое изврши 46-минутен историски пробен лет на точката на спојување на Егејското Море и Медитеранот, успешно слета на истата кратка писта без употреба на опрема за поддршка при слетување.

– Вкупното време на лет надмина 828 часа

Вооруженото беспилотно летало Бајрактар ТБ3 успешно го заврши тестот на системот за височина, при што достигна височина од 36.310 стапки во летот извршен во Центарот за обука и тестирање за летови „Бајкар“ во областа Кешан во Едрене на 25 јуни. Националното воено беспилотно летало, кое полета со моторот PD-170 развиен од моторната индустрија ТУСАШ, со ова надмина уште еден критичен праг. Висинскиот рекорд во историјата на турската национална авијација со 45.118 стапки му припаѓа на Бајрактар ​​АКИНЏИ ТИХА, исто така, развиено од „Бајкар“.

Во досегашните пробни летови вооруженото беспилотно летало Бајрактар ТБ3 остана во воздух вкупно 828 часа и 57 минути. Во тестот за долг лет, извршен на 20 декември 2023 година, турското национално беспилотно летало остана во воздух 32 часа пред да слета, минувајќи пат на небото во должина од 5.700 километри.

– Национално вооружено беспилотно летало, национална камера

Вооруженото беспилотно летало Бајрактар ТБ3 првпат на 26 март полета со системот ASELFLIR-500, развиен на национално ниво од компанијата „АСЕЛСАН“. Во рамките на тестот, успешно беше завршена интеграцијата на системот ASELFLIR-500 за електрооптичко извидување, надзор и таргетирање, кој поседува највисоки перформанси во споредба со неговите еквиваленти во светот.

Бајрактар ТБ3 ќе биде водечко беспилотно летало во својата класа со структурата на крилата на преклопување, како и со своите способности. Ова турско вооружено беспилотно летало, кое ќе има и способност за комуникација надвор од видното поле, ќе може да се контролира од многу поголеми растојанија. На тој начин ќе обезбеди мултипликативен ефект врз одвраќачката моќ на Туркије, извршувајќи извидувачко-надзорни, разузнавачки и мисии за напад против прекуокеански цели со паметната муниција што ја носи.

– Шампион на извозот

Компанијата „Бајкар“, која од самиот почеток сите свои проекти ги реализира со сопствени ресурси, од почетокот на процесот на истражување и развој на беспилотни летала во 2003 година, 83% од сите приходи ги добива од извоз. Остварувајќи приход во висина од 1,8 милијарди долари од извозот, во 2023 година „Бајкар“ беше меѓу првите 10 компании со најголем извоз во сите сектори во Туркије.

„Бајкар“, која ја доби наградата Шампион на извозот, според податоците на Претседателството на одбранбените индустрии на Туркије и Собранието на турските извозници, во 2021, 2022 и 2023 година стана лидер на извозот во одбранбената и воздухопловната индустрија. Со приходи од кои повеќе од 90% се од извоз во последниве години, само „Бајкар“ самостојно оствари една третина од извозот на Туркије во одбранбениот и воздухопловниот сектор во 2023 година.

„Бајкар“, која е најголема компанија за беспилотни летала во светот, 97,5% од договорите што во моментов ги склучува се за извоз. Досега се потпишани договори за извоз во 35 земји, при што во 34 земји ќе се извезува вооруженото беспилотно летало Бајрактар ТБ2, а во 10 земји Бајрактар АКИНЏИ ТИХА.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

„Италија нема да праќа војници во Украина“

Следно

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Latest from Blog

10 начини да ја победите зимската депресија: Препознајте ги знаците навреме

Сезонското афективно растројство (САП) е повеќе од само чувство на депресија во текот на зимските месеци. Тоа е вистинска, дијагностицирана состојба на менталното здравје која влијае на сè, од физичко здравје до

Независни синдикати: Постои извесна можност околу 27.000 работници во Србија да ги изгубат своите работни места

Асоцијацијата на слободни и независни синдикати (АСНС) денеска објави дека според нивни проценки – поради неизвесното работење и опстанокот на стратешките компании, постои извесна можност околу 27.000 работници во Србија да ги

Се запали фабрика во Бангладеш – најмалку девет мртви, пожарникарите извлекуваат тела од урнатините

Девет лица загинаа, а неколку други се повредени во пожар во фабрика за облека во Дака, соопштија противпожарните служби. Пожарникарот Талха бин Јашим изјави дека пожарот избувнал во фабриката, во која се

Како да препознаете личност која ви посакува зло: Ова ги принудува да ги покажат своите вистински лица

Ако се прашувате дали во ваша близина има личност која ви посакува зло, можеби ќе треба подобро да ги согледате некои од следниве знаци. Бидете внимателни! Веројатно во животот сте научиле дека
Go toTop