Бајден за протечените документи на Пентагон: Во тек е сеопфатна истрага, се приближуваме до одговори

2 mins read

Говорејќи во Даблин, Ирска американскиот претседател рече дека иако е загрижен поради протекувањето на чувствителни владини документи тој посочи дека истовремено нема никаква голема последица за која знае. Инаку, ова е прв пат Бајден да да го коментира протекувањето на доверливите документи на Пентагон кои беа објавени на неколку социјални мрежи

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е во тек сеопфатна истрага на разузнавачката заедница и министерството за правда на САД во врска со протекувањето на доверливи документи на Пентагон, пренесува Гардијан, повикувајќис е на новинската агенција Асошиејтед прес. 

„Се приближуваме. Но, немам одговор“,

рече Бајден одговорајќи на новинарски прашања.  

Американскиот претседател, Џо Бајден/Фото: Архива

 Говорејќи во Даблин, Ирска американскиот претседател рече дека иако е загрижен поради протекувањето на чувствителни владини документи тој посочи дека истовремено нема никаква голема последица за која знае. 

Инаку, ова е прв пат Бајден да да го коментира протекувањето на доверливите документи на Пентагон кои беа објавени на неколку социјални мрежи.  

„Загрижен сум што тоа се случи, но нема ништо за кое знам дека преставува голема последица“,

изјави американскиот претседател за време на посетата на Ирска и средбите со лидерите на земјата, пренесува Асошиејтед прес.  

Документите кои протекоа на социјалните мрежи сугерираат и детално изнесуваат информации за помошта што САД и НАТО и ја пружаат на Украина во војната со Русија, како и за проценките на американските разузнавачки служби поврзани со земјите-сојузнички на САД. 

Тајните документи со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска пред планираната офанзива против руските сили, беа обелоденети минатата недела на Твитер и Телеграм, апликација со повеќе од 500 милиони корисници која е широко користена во Русија.  

Истрагата треба да утврди кој стои зад нивното објавување, како и автентичноста на материјалите, прашања за кои засега нема никакви конкретни одговори. 

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, денеска за „Фокс њуз“ откри дека во американската амбасада во Украина има „мало присуство на американската војска“, но нагласи дека „нема промена во одлуката дека нема да има американски војници кои се борат во Украина во оваа војна“. 

Прашан за „протечените“ доверливи документи на Пентагон кои сугерираат дека во Украина има американски специјални сили кои дејствуваат во земјата разурната од војна, Кирби рече дека нема да објаснува во детали. 

„Прецизно да одговорам на прашањето: да, има мало американско воено присуство во амбасадата во Киев поврзано со Канцеларијата на аташеата за одбрана. Тие ни помагаат да работиме на одговорноста за материјалот што влегува и излегува од Украина“,

рече Кирби, мислејќи притоа на оружјето и другата воена поддршка што САД ја испраќаат во Киев. 

Зборувајќи за односите на САД со сојузниците по објавувањето на доверливите информации, Кирби додаде: 

„Правиме отворени обиди да допреме до релевантните сојузници и партнери за да им објасниме најдобро што знаеме што умееме. И ние не знаеме многу во моментов, но мора да се увериме дека тие разбираат оти ова го сфаќаме многу сериозно, дека отворивме кривична истрага и контроли низ Министерството за одбрана за да ги утврдиме последиците по националната безбедност.“ 

Кирби додаде дека Вашингтон не знaе што друго може да поседува поединецот или луѓето што ги објавуваат овие документи, и што сè уште може да објават. 

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Баерн Минхен го суспендираше Мане

Следно

Хрват ќе му биде тренер на Роналдо во Ал Наср

Latest from Blog