Бајден од Конгресот: САД се единствена земја во светот што излегува посилна од кризите

February 8, 2023
2 mins read

Денес нашата демократија останува непоколеблива и нескршена. Приказната за Америка е приказна за напредок и издржливост. Ние сме единствената земја што од секоја криза излегува посилна отколку кога влегува во неа. Тоа го правиме повторно, рече Бајден

Тој нагласи дека САД ќе ја поддржуваат Украина „колку што е потребно“ во соочувањето со руската инвазија и додаде дека ќе соработуваат со Кина

ФОТО: EPA-EFE/Jacquelyn Martin / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден во своето прво обраќање на заедничка седница на Конгресот откако републиканците ја презедоа контролата над Претставничкиот дом, ја призна заслугата за неговата политика што помогна да се извлече земјата од длабочините на пандемијата на коронавирус, да се воведе рекорден раст на работните места и да се зајакне демократијата загрозена од антидемократските сили дома и во странство. Но, за да продолжи да напредува, тврди Бајден, ќе му треба поддршка од самото републиканско мнозинство во Претставничкиот дом.

Тој го поздрави закрепнувањето на американската економија и отворањето рекордни 12 милиони работни места.

Бајден повика на единство во остро поделениот Конгрес. Тој ја нарече американската демократија „нескршена“, а истакна и дека Америка не може да го тргне погледот од полициската бруталност и ги нарече скандалозни големите профити на нафтените компании, при што повика на воведување минимален данок за милијардерите.

Бајден ги повика републиканците да работат заедно во Конгресот.

„Народот ни испрати јасна порака. Борењето за доброто на борбата, моќта заради моќта, конфликтот заради конфликтот, не води никаде. Овде сме испратени да ја завршиме работата“,

додаде тој.

Претседателот во говорот ги допре и темите за војната во Украина и стратегиската конкуренција со Кина.

Тој нагласи дека САД ќе ја поддржуваат Украина колку што е потребно во соочувањето со руската инвазија и додаде дека САД ќе соработуваат со Кина, но вети и дека ќе ја заштити земјата, мислејќи на кинескиот шпионски балон што патуваше низ Америка минатата недела.

„Како што покажавме минатата недела, доколку Кина го загрози нашиот суверенитет, ќе дејствуваме за да ја заштитиме нашата земја и тоа го направивме“,

рече Бајден. 

Бајден говореше и за тоа дека Америка не може да се оттргне од проблемот со полициската бруталност.

„Сите ние во овој Конгрес мора да бидеме на висината на задачата, не можеме да го тргнеме погледот. Да се ​​собереме и да ја завршиме работата за полициските реформи. Сите ние го сакаме истото. Населби без насилство. Спроведување на законот што ја заслужува довербата на заедницата, за нашите деца да се вратат дома безбедно“,

додаде Бајден.

Говорот на Бајден, кој траеше 73 минути, неколкупати беше прекинуван од аплаузите на присутните, но и од дофрлањата на републиканците.

ФОТО: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Бајден истакна дека економијата има корист од 12 милиони нови работни места, дека ковид-19 повеќе не ги контролира животите на Американците и дека американската демократија останува силна.

„Денес нашата демократија останува непоколеблива и нескршена. Приказната за Америка е приказна за напредок и издржливост. Ние сме единствената земја што од секоја криза излегува посилна отколку кога влегува во неа. Тоа го правиме повторно“,

рече Бајден

Тој ја поздрави издржливоста и силата на американската економија, со пад на невработеноста во јануари на речиси 54-годишно најниско ниво, ветувајќи дека ќе продолжи со напорите за намалување на инфлацијата и одбрана на благосостојбата и здравствените придобивки.

Бајден во говорот го промовираше и законот донесен минатата година со силна поддршка и од демократите и од републиканците за зајакнување на американската индустрија за полупроводници.

Тој најави воведување нов стандард кој бара сите градежни материјали што се користат во федералните инфраструктурни проекти да се произведуваат во САД.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кој живее во стан изграден од 2014 навака, мирно да спие, вели Гаревски за опасноста од земјотреси

Следно

Шестгодишно девојче спасено од под урнатините 47 часа по земјотресите во Туркије

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop