Бајден: НАТО можеби е најпостојаниот воен сојуз во историјата и е посилен од кога било

February 21, 2023
1 min read

Американскиот претседател Џозеф Бајден на денешната средба со својот полски колега Анджеј Дуда го опиша НАТО како „можеби најпостојаниот сојуз во историјата“ и рече дека Алијансата е посилна од кога било и покрај надежите на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе се распадне поради на војната во Украина.

Бајден, исто така, ја потврди посветеноста на САД на европската безбедност.

„Мора да имаме безбедност во Европа. Тоа е толку основно, толку едноставно и толку последователно“, соопшти Бајден во претседателската палата во Варшава.

Тој додаде дека поддршката на САД за Украина останува силна.

„Како што му кажав на претседателот Зеленски кога разговаравме вчера во Киев, веројатно можам да кажам дека нашата поддршка за Украина останува непоколеблива“, рече Бајден.

Тој ја коментираше помошта на Полска за Украина и ја нарече „навистина извонредна“ и ѝ се заблагодари на Полска што прими над милион Украинци.

Претседателот на Полска рече дека посетата на Бајден е важен знак за посветеноста на САД за одржување на безбедноста во Европа.

Бајден пристигна во Варшава вчера по ненајавената посета на Киев, а Дуда го пофали патувањето на американскиот претседател како „спектакуларно“, велејќи дека тоа „го подигнало моралот на украинските бранители“.

Американскиот претседател денеска разговара со својот полски колега за зајакнување на источното крило на НАТО, кое се соочува со продолжување на конфликтот во Украина, соопшти Белата куќа.

Попладнево се очекува обраќање на Бајден пред Кралскиот замок во Варшава, а утре е планирано да се сретне со Дуда и со другите лидери на Букурешката деветка, група на најисточните членки на НАТО.

Бајден ќе зборува во ист ден кога Путин одржа говор во Федералното собрание за состојбата на државата и порача дека е „невозможно да се победи Русија на бојното поле“, додека советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан рече дека обраќањето на Бајден нема да има „директен врска“ со обраќањето на Путин.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градинката „Орце Николов“ доби нов објект за уште 100 деца

Следно

ВМРО-ДПМНЕ за Груби: Што вели легендата за преведувачот од амбасада кој што стана милионер

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop