Бајден на 7 февруари ќе одржи говор за состојбата на нацијата и општата политика

January 13, 2023
1 min read

Американскиот претседател Џозеф Бајден на 7 февруари пред Конгресот на САД ќе има традиционално обраќање за состојбата на нацијата и општата политика.

Во согласност со традицијата, претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, републиканецот Кевин Мекарти, денеска со писмо го покани Бајден да се обрати на заедничката седница на двата дома на Конгресот.

Прес секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека Бајден ја прифатил „љубезната покана“ на Мекарти и дека со нетрпение чека да го одржи говорот.

За прв пат откако беше избран, претседателот ќе се обрати пред поделениот Конгрес, бидејќи републиканците освоија тенко мнозинство во Претставничкиот дом по среднорочните избори во ноември. На тие избори, демократите ја задржаа контролата над Горниот дом на Конгресот, Сенатот.

– Новата година носи нов Конгрес, а со тоа и одговорност да се работи кон економијата која е силна, нацијата која е безбедна, иднината изградена на слобода и Влада која презема одговорност, напиша Мекарти во својот повик до Бајден испратен денеска.

Тој додаде дека американскиот народ ги испратил во Вашингтон за да „дадат нова насока на земјата, да најдат простор за согласност и да разговараат за приоритетите“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фирма на Трамп треба да плати 1,6 милиони долари казна за даночна измама

Следно

Суспендирани командирот и четворицата полицајци кои го спроведувале Беким Мемети

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop