Бајден го потпиша нацрт-законот со кој се става крај на националната вонредна состојба за КОВИД-19

April 11, 2023
1 min read

ТОРОНТО (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден синоќа потпиша нацрт-закон со кој се става крај на националната вонредна состојба поради КОВИД-19, јавува Анадолу.

Бајден го одобри нацрт-законот, кој беше предложен до Конгресот од републиканците во Претставничкиот дом и беше одобрен од двата дома.

Нацрт-законот става крај на националната вонредна состојба прогласена од поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 март 2020 година, како и на вонредната состојба за јавно здравје прогласена тој јануари.

Крајот на вонредната состојба, исто така, ќе стави крај на многу од исклучоците поврзани со КОВИД-19 во контекст на здравствените програми Медикер и Медикеид.

Мерките за КОВИД-19 се олеснети низ целата земја веќе некое време.

Републиканците го предложија нацрт-законот, осврнувајќи се на забелешките на претседателот Бајден „КОВИД заврши“ минатата година. Тие, исто така, се спротивставија на голем број прописи за јавното здравје, како што се задолжителната вакцинација и носењето маски.

Нацрт-законот беше усвоен претходно оваа година во Претставничкиот дом со 220:210 гласа по партиска линија, додека минатиот месец во Сенатот со двопартиски гласови 68:23.

Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа објави дека статусот „национална вонредна состојба“ и „вонредна состојба во јавното здравство“ ќе заврши од 11 мај, со цел да се „спречат хаосот и неизвесноста низ здравствениот систем“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најголемиот турски воен брод „ТЏГ Анадолу“ испорачан на Турската воена морнарица

Следно

Обвинетата Гордана возела брзо и не го пропуштила пешакот иако две возила чекале

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop