Бајден ги негира обвинувањата за мешање на САД во внатрешните работи на Израел

March 29, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден, отфрлајќи ги наводите за мешање на Соединетите Американски Држави (САД) во внатрешните работи на Израел, рече: „Ние не се мешаме. Тие го знаат мојот став по ова прашање. Тие го знаат ставот на Америка. Тие го знаат ставот на американските Евреи“, јавува Анадолу.

Бајден одговараше на новинарски прашања пред полетувањето од Дарам по посетата на сојузната држава Северна Каролина и во Белата куќа по пристигнувањето во Вашингтон.

На прашањето дали е загрижен за демократијата во Израел, во кој веќе неколку недели се одржуваат протести поради барањето на Владата за реформи во судството, Бајден одговори: „И јас сум многу загрижен, како многуте силни поддржувачи на Израел.“

Зборувајќи дека Израел минува низ тежок процес и дека треба да се справи со него, Бајден изрази надеж дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се откаже од регулативата за реформи во судството.

Обраќајќи им се на новинарите, Бајден рече: „Тие не можат да продолжат по овој пат. Јасно го кажав тоа.“ Тој изрази надеж дека Нетанјаху ќе постапи на начин што ќе обезбеди вистински компромис.

На прашањето дали ќе го покани Нетанјаху во Вашингтон, Бајден одговори: „Не, не наскоро“. Бајден рече дека не разговарал со Нетанјаху по телефон, туку му ја пренел својата порака преку амбасадорот на САД во Израел.

Во врска со тврдењата за мешање на САД во внатрешните работи на Израел, Бајден рече: „Ние не се мешаме. Тие го знаат мојот став по ова прашање. Тие го знаат ставот на Америка. Тие го знаат ставот на американските Евреи.“

– „Загрижувачки е планот на Русија за Белорусија“ –

Во врска со рускиот план за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, Бајден рече: „Тие сè уште не го сториле тоа. Ова е еден вид опасен и загрижувачки говор што тој го направи [рускиот претседател Владимир Путин].“

На прашањето „Дали мислите дека христијаните беа цел на нападот?“ во врска со нападот во приватно училиште во Тенеси, во кој животот го загубија 6 лица, Бајден одговори: „Не би знаел да кажам.“

Бајден рече дека сѐ уште не разговарал со семејствата на оние кои ги загубија животите, но дека работат на тоа. Од друга страна, Бајден го повтори својот повик за разоружување, истакнувајќи дека луѓето не треба да поседуваат јуришно оружје.

Во врска со банкарската криза, Бајден изјави дека како администрација ги презеле неопходните чекори, при што пазарите позитивно реагирале на тоа и додаде дека продолжуваат со испитување на ситуацијата.

Бајден рече дека нивото на закана од тероризам во Северна Ирска се зголемило од „значајно“ на „сериозно“, што укажува дека многу веројатно е можен напад, но додаде дека тоа нема да влијае на неговата планирана посета на оваа земја.

Американскиот претседател најави и дека ќе ја посети државата Мисисипи во која торнадо предизвика разорувања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првиот турски бренд на електрично возило ТОГГ прими 177.467 преднарачки

Следно

Започна реконструкцијата на уште една фасада на станбен објект во Центар

Latest from Blog

Песков: Преговорите за Украина се на пауза, бидејќи САД имаат други приоритети

– Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо, посочи Песков. Според него европските држави прават грешка кога инсистираат Киев да продолжи со воените дејствија против Москва.

Почина чичко Драги од Рекорд

Драган Пароски, познат како чичко Драги од Рекорд почина. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Тина, која вели дека со години му помагала, пред да замине во странство. -Секое поминување

Шилегов тврди: Тројца екс градоначалници на Кочани неправедно обвинети во случајот „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов во своето најново интервју жестоко ја критикуваше логиката на Јавното обвинителство во судскиот процес за трагедијата во кочанското кабаре „Пулс“, посочувајќи на сериозен правен парадокс. Според Шилегов, обвинителството неосновано

Шилегов тврди: Тројца поранешни градоначалници на Кочани се влечат по судови без вина

Тројца градоначалници на општина Кочани се обвинети во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, иако тие се „ни криви ни дужни“ и немаат никаква јурисдикција над издавањето на спорните лиценци, тврди адвокатот
Go toTop