Азербејџанскиот претседател Алиев го обвини Иран за напад со беспилотни летала, армијата е во состојба на готовност

March 5, 2026
1 min read

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска го обвини Иран за напад со беспилотни летала на територијата на Нахчиван, автономна република во состав на Азербејџан, и изјави дека азербејџанските вооружени сили се ставени во состојба на готовност по тој инцидент.

„Нашите вооружени сили добиле налог да подготват и спроведат соодветни мерки како одговор на агресијата на територијата на Азербејџан. Единиците на Министерството за одбрана, како и силите на Државната гранична служба на Азербејџан и другите специјални единици, се доведени во состојба на целосна борбена готовност за евентуална операција“, рече Алиев во своето обраќање на седницата на Советот за национална безбедност.

Според него, иранската страна повеќе пати била информирана, особено по конфликтите што се случија минатата година, дека територијата на Азербејџан нема да се користи за напад врз која било соседна земја.

„Нема да дозволиме тоа да се случи, како што никогаш порано не сме дозволиле. Азербејџан не учествуваше и нема да учествува во операции против Иран ниту тогаш ниту овој пат. Бидејќи тоа е нашата позиција. Немаме интерес да спроведуваме какви било операции против нашите соседни земји, ниту нашата политика ни дозволува да го сториме тоа“, рече Алиев и порача дека Азербејџан ќе го заштити својот територијален интегритет и безбедноста на своите граѓани.

Тој нагласи дека нема да го толерира неоснован „чин на терор и агресија“ извршен против Азербејџан и побара објаснување од иранските власти, извинување и кривично гонење на одговорните за нападот.

„Државата Азербејџан најостро го осудува овој терористички чин, а оние што го извршија мора веднаш да бидат повикани на одговорност. Иранските официјални претставници мора да дадат објаснување, мора да упатат извинување, а оние што го извршија овој терористички чин мора да бидат повикани на кривична одговорност“, рече Алиев.

Како што наведе, цели на иранскиот напад беа цивилни објекти, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром Нахчиван, училиште и други објекти. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Евакуираните македонски државјани од Израел ќе пристигнат вечерва на Скопскиот аеродром

Следно

Mbi gjysmë miliardi euro për autostradën ende të papërfunduar Kërçovë – Ohër

Latest from Blog

Евакуираните македонски државјани од Израел ќе пристигнат вечерва на Скопскиот аеродром

Евакуираните македонски државјани од Израел, кои преку Египет се враќаат во Република Северна Македонија, се очекува да слетаат на Меѓународниот аеродром Скопје околу 20 часот. Како што соопштуваат од Министерството за надворешни

Коњановски: Општина Битола инвестира во нова механизација за поефикасни комунални услуги

Со две нови комунални возила е збогатен возниот парк на јавното претпријатие „Комуналец“ Битола, за што како што вели директорот Горан Степановски она што го ветија пред јавноста го реализираат. Набавени се

Артета: Голема победа за нас

Екипата ан Арсенал синоќа обезбеди нова победа во премиерлигашкиот шампионат против тимот на Брајтон од 1:0. Триумфот е исклучително важен во битката за највисок пласман сезонава, затоа што сега Арсенал има седум
Go toTop