Азербејџан планира да го удвои извозот на гас до 2027 година

February 3, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Баку планира да го удвои извозот на гас до 2027 година, изјави денеска азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, пренесува „Анадолу“.

Говорејќи на 9. министерски состанок на Советодавниот конзилиум на јужниот гасен коридор и 1. министерски состанок на Советодавниот конзилиум за зелена енергија во Баку, Алиев ја окарактеризира задачата како остварлива бидејќи Азербејџан ги има потребните ресурси.

„Извозот на природен гас од Азербејџан се зголемува; тој во 2021 година изнесуваше околу 19 милијарди кубни метри, минатата година 22,6 милијарди кубни метри, а годинава очекуваме 24,5 милијарди кубни метри.“

„Ова значи дека Меморандумот за разбирање со Европската комисија [за удвојување на извозот на гас до 2027 година] успешно се спроведува“, истакна Алиев.

Додаде дека резервите на природен гас на Азербејџан се доволни да ги обезбедат земјата и нејзините партнери уште најмалку 100 години, а оваа година ќе бидат ставени во функција нови наоѓалишта.

„Енергетската безбедност е прашање на национална безбедност за секоја земја. Денес веќе зборуваме за проширување на Јужниот гасен коридор (SGC), нови рути за снабдување и нови ресурси“, рече тој.

Според него, Азербејџан наскоро ќе започне со испорака на гас за Романија.

На состанокот присуствуваше и турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнаа номинациите за Жена претприемач од Западен Балкан за 2022 година

Следно

Инцидент во Скопје: Прво го нападнал со тврд предмет, па му го оштетил возилото

Latest from Blog

Најнизок раст на населението во Велика Британија од 1983 година поради падот на миграцијата

Растот на населението во Велика Британија речиси целосно запре поради континуираното и значително намалување на меѓународната миграција – покажуваат најновите податоци на Канцеларијата за национална статистика (ОНС). Според прелиминарните податоци на ОНС,

Пожар во рафинерија во Бангкок- повредени се најмалку седум лица, некои се борат за живот

Компанијата првично соопшти дека интервенирала за да го локализира пожарот и да ги исклучи сите производствени единици. Пожарот беше ставен под контрола и ситуацијата се смири. Пожарот беше изгаснат во 15:15 часот.

Ѓоргоски, Aчкоска, Пајазити и Шумковски добитници на наградата „Св. Климент Охридски“

Ѓоргоски, Aчкоска, Пајазити и Шумковски добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ – Независен Весник Skip to content Фото: Б. Грданоски Поврзани содржини Извор: nezavisen.mk Целиот текст прочитајте го тука
Go toTop