Автобус удри во толпа ученици и родители во Кина: 11 лица загинаа, меѓу кои и пет деца

September 3, 2024
1 min read

Училиштен автобус удрил во толпа ученици и родители кои стоеле пред училишната капија во кинескиот град Таијан во провинцијата Шандонг. Би-Би-Си јавува дека најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои и пет деца. 12 повредени лица се во стабилна состојба.

Кинеските медиуми објавија дека возачот на автобусот „изгубил контрола“ над возилото и по несреќата бил приведен од полицијата.

– Досега починаа вкупно 11 лица (шест родители и пет деца) – објавија кинеските медиуми.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Неказнивоста кај функционерите од власта се враќа на голема врата како до 2016

Следно

Словенија на чело на Советот за безбедност на ООН во септември

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop