Австрија: 70 лица целосно отсечени поради снежните наноси

February 3, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Обилните врнежи од снег во Австрија отсекоа 70 луѓе од надворешниот свет и предизвикаа сообраќаен хаос, пренесува Анадолу.

„Поради тензичната ситуација со лавини во австриската покраина Штаерска, синоќа мораше да бидат затворени неколку патишта“, јави дневниот весник „Кронен цајтунг“ (Kronen Zeitung).

Како резултат на тоа, голем број возила останале заглавени на коловозот поради снегот. Создадена е колона на возила долга 10 километри.

Според јавувањата, за 24 часа паднале 80 сантиметри снег, а се случиле и неколку помали лавини.

Во регионот Вајлдалпен, 70 лица се отсечени од надворешниот свет. Во регионот Афлензертал, градоначалниците повикаа децата денеска да не одат на училиште.

Делумно, патиштата мора да бидат затворени и во селата поради опасност од лавини. Во покраината Корушка камион се излизгал и се превртел поради замрзнатиот коловоз, како резултат на што истекле стотици литри дизел.

Во Тирол е прогласено највисоко ниво на предупредување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неутрализирани тројца терористи во подрачјето на „Штитот на Еуфрат“

Следно

Костовски: Општина Бутел мора да добие нова модерна поликлиника

Latest from Blog

Британскиот амбасадор Лосон демантира: Нема договор Лондон – Скопје за прифаќање на мигранти

Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон ги демантира тврдењата дека постојат и дека постоеле преговори меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти. Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакнува

Лосон за ТВ 24: Ниту постои, ниту некогаш постоел договор Лондон–Скопје за мигранти

Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон ги демантира тврдењата дека постојат и дека постоеле преговори меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти. Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакнува

Владата целосно ги платила фактурите – стигна потврда од Бехтел и Енка

Потврдуваме дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата, се наведува во одговорот на градежната компанија Бехтел и Енка по повод отпуштањето на педесетина работници од гостиварско
Go toTop