АВСТРАЛИСКИОТ РЕЖИСЕР ПИТЕР ВИР ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ

May 9, 2024
1 min read

Австралискиот режисер и сценарист Питер Вир ќе добие Златен лав за животно дело на Венецискиот филмски фестивал. Вир (79) е режисер на филмовите „Друштвото на мртвите поети“, „Шоуто на Труман“, „Господар и заповедник“, „Година на опасно живеење“.

Осумдесет и првото издание на фестивалот ќе се одржи од 28 август до 7 септември.

„Филмскиот фестивал во Венеција и неговиот Златен лав се дел од историјатот на нашата професија. Да се биде издвоен како добитник на награда за животно дело како режисер е голема чест“, изјави Вир.

Директорот на Фестивалот Алберто Барбера рече дека со вкупно 13 филмови снимени во текот на 40 години, Вир си заслужи место меѓу великаните на модерната кинематографија.

„И покрај разновидноста на темите што ги обработува, не е тешко да се открие константа во неговиот смел, ригорозен и спектакуларен филмски опус: чувствителност што му овозможува да се занимава со многу актуелни теми, како што е фасцинацијата со природата и нејзините мистерии, кризата на возрасните во потрошувачките општества, тешкотиите за едукација на младите за животот, искушението за физичка и културна изолација, но и мамката на авантуристичките импулси и инстинктот за бунт. Прославувајќи го вкусот за раскажување приказни и вродениот романтизам, Вир ја зајакна својата улога во холивудскиот врв, истовремено држејќи се на дистанца од американската филмска индустрија“, изјави Барбера.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Нов Дојран во двор пронајдена граната од Прва светска војна

Следно

Италијанката Џорџи ја заврши тениската кариера

Latest from Blog

Салах би можел да потпише за Барселона?!

фото: Liverpool FC (X) Заврши ерата на “Фараонот“ на „Енфилд“. Ливерпул вчера објави дека Мохамед Салах по девет години ќе го напушти клубот. Дојде време за збиогување, но Египќанецот ќе биде запаметен

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој
Go toTop