Авионите на НАТО пресретнаа руски авиони за полнење гориво воздух-воздух во близина на естонскиот воздушен простор

March 15, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Два авиони на НАТО „Тајфун“ пресретнаа руски авион за полнење гориво воздух-воздух во близина на естонскиот воздушен простор, се вели во соопштението на британското Министерство за одбрана, пренесува Анадолу.

„Борбениот авион на кралското воздухопловство ‘Тајфун’, што оперира од воздухопловната база ‘Амари’ во Естонија, го изврши првото заедничко пресретнување на воздушната полиција на НАТО заедно со авионот на германските воздухопловни сили“, се вели во соопштението.

„Авионите се лансирани вчера со цел да пресретнат руски авион за полнење гориво воздух-воздух што летал блиску до естонскиот воздушен простор“, се додава во ова соопштение.

Двата авиони „Тајфун“ се споени да го придружуваат рускиот авион „ИЛ78 Мидас“, за кој во соопштението се вели дека летал меѓу Санкт Петербург и Калининград и не успеал да искомуницира со контролата на воздушниот сообраќај во Естонија.

„По успешната визуелна идентификација и придружба, двата авиони ‘Тајфун’ повторно добија задача да пресретнат патнички авион ‘AN148’, што исто така го минува естонскиот воздушен простор“, се вели во соопштението.

Британскиот министер за вооружени сили, Џејмс Хепи, рече: „НАТО продолжува да ја формира основата на нашата колективна безбедност.“

„Ова заедничко распоредување на Обединетото Кралство и Германија на Балтикот јасно ја покажува нашата колективна решителност да ја оспориме секоја потенцијална закана за границите на НАТО, истовремено покажувајќи ја нашата комбинирана сила“, додаде Хепи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба во Брисел и учество на Европскиот комитет на региони 14.3.2023

Следно

Полицијата вчера апсеше во Кисела Вода и Карпош поради дрога

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop