Авганистан ја забрани контрацепцијата, била „западен заговор“ против муслиманите

1 min read

Уште еден удар им е зададен на правата на жените во Авганистан откако талибанската влада ја забрани продажбата и препишувањето контрацептивни средства, тврдејќи дека нивната употреба е „западен заговор“ за да му наштети на муслиманското население.

Според британски Гардијан, талибанците извршиле масовни проверки во Кабул, претреси од врата до врата и им наредиле на фармацевтите да ги испразнат полиците од контрацептивни средства или помагала.

Министерството за здравство нема официјално соопштение на оваа тема, а владиниот портпарол одбил да даде каква било изјава за ова прашање.

По преземањето на власта во август 2021, првата на жените се под постојан притисок од страна на талибанците. Тие го проблематизираат образованието на жените, нивниот работен ангажман и ја ограничуваат можноста жените да ги напуштат своите домови. .

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Туркије: Пронајдено телото на фудбалерот на Хатајспор Кристијан Атсу

Следно

И после 300 часа, чуда продолжуваат да се случуваат во Турција: Од под урнатините извлечени три лица меѓу кои и дете

Latest from Blog