АСОМ: Владата го ускратува правото на дебата за предлог-измените на Законот за игри на среќа

March 6, 2023
1 min read

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), денес по втор пат испрати писмо до Делегацијата на Европската Унија во земјава со цел да ја изрази својата загриженост што и покрај апелите на евроамбасадорот Дејвид Гир да не се врши злоупотреба на европско знаменце за скратување на дискусија при носење важни закони, Владата предлог измените на Законот за игри на среќа, ги достави до Комисијата за европски прашања во Собранието.

„Нашите апели и заложби, повторно не беа сфатени сериозно, а тоа е очигледно бидејќи измените на Законот за индустријата за игри на среќа, се доставени на усвојување. Со тоа, Владата сепак изврши злоупотреба на европското знаме со цел да оневозможи јавна расправа за овој важен закон.“- се вели во писмото од АСОМ.

Од Асоцијацијата велат дека оваа одлука е во спротивност со принципите на европските интеграции на нашата држава и сериозно задира во надлежноста на пратениците од Комисијата за европски прашања, посочувајќи дека Законот за игрите на среќа и забавните игри не подлежи на обврска за усогласување со донесена ЕУ Директива.

„Членките на Европската унија немаат усогласено и донесено Директива која е правно обврзувачка за членките на Унијата и која истовремено ќе преставува обврска за пристапните членки на ЕУ да ја транспонираат таа директива во сопственото законодавство. Европската Унија има донесено Препорака CELEX32014H0478 која се однесува на заштита на потрошувачите и играчите на интернет игри на среќа и спречување на малолетниците за учество во интернет игрите на среќа. Предлагачот на законот како основ за означување на текстот на законот со ЕУ знаменце ја земал оваа препорака, која не е правно обврзувачка за членките на Унијата, а уште помалку за пристапните членки на ЕУ.“- велат од АСОМ.

Според АСОМ означувањето на предлог текстот на законот со ЕУ знаменце, заради негово усогласување со Препорака на ЕУ преставува директна злоупотреба на механизмот за усогласување на домашното законодавство со законодавството на ЕУ.

„Членовите на Комисијата не треба да го разгледуваат предлог Законот поради ненадлежност, дополнително новите измени се косат со Уставот на Република Северна Македонија, односно прекршуваат 4 члена од Уставот. Одлуката на Владата да ја забрани јавната дебата со злоупотреба на ЕУ знаменце за измените на постоечката законска регулатива за индустријата за игри на среќа, се коси со европските вредности. Токму тие европските вредности ѝ се потребни на самата земја за да има модерно, стабилно, развиено општество кое ќе ја води нашата држава кон членство во ЕУ. “- посочуваат во писмото од АСОМ.

Асоцијацијата реагира дека Владата во овој случај го ускратува правото на дебата, демократско носење на одлуки и правните процедури. Од АСОМ посочуваат дека тоа се коси со европските нормативи и Владата наместо да се стреми во нашата држава да има европски институции, свесно создава неефикасни, кои не ги штитат граѓаните и бизнис секторот во земјата.

АСОМ во писмото побараа средба со евроамбасадорот Дејвид Гир со цел лично да го информираат за злоупотребата и недемократскиот пристап на Владата кон индустријата на игри на среќа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германските власти разоткриле руска хакерска банда

Следно

Бугарија: Се уништува големо количество вакцини против Ковид со истечен рок

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop